Народната банка има клучна улога за следење на финансискиот систем и за одржување на неговата стабилност. Централната банка претставува микропрудентен и макропрудентен орган за банките, штедилниците, другите даватели на платежни услуги и за финансиските институции согласно со закон, а воедно врши и надзор над операторите на платните системи. За да ги извршува своите законски утврдени цели и задачи, Народната банка е посветена и на идните предизвици, на предвидување на новите трендови и на соодветно приспособување на своите активности и мерки. За таа цел, Народната банка има потреба подобро да ги разбере двигателите на финансиската индустрија, во функција на што е и отворањето на Портата за иновации.
Преку активно вклучување и соработка со иноваторите, крајната цел на Народната банка е преку Портата за иновации да стекне навремени сознанија за развојот на новите технологии и нивното потенцијално влијание врз постојните даватели на финансиски услуги и воопшто врз финансискиот систем во целина, но и врз нивото на финансиска вклученост, имајќи ги предвид бројните придобивки за граѓаните од очекуваниот олеснет пристап до финансиски услуги.
Основната цел со овој процес е Народната банка дополнително да ја зголеми ефективноста и ефикасноста во извршувањето на својата цел за постигнување и одржување на финансиската стабилност. Со внимателно следење на технолошките достигнувања и нивниот развој, а особено иновациите во финансиските услуги, Народната банка ќе биде во можност да обезбеди соодветна рамнотежа помеѓу придобивките и ризиците што произлегуваат од финтек-секторот, притоа делувајќи на начин што не ги спречува, туку ги поттикнува иновациите. (назад | назад на Прашања и одговори)
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}