Согласно со постојните меѓународни препораки, имајќи предвид дека работењето со криптосредства не претставува конвенционално вложување во регулирани финансиски средства, туку најчесто купување произведено нефинансиско, нематеријално средство, домашните овластени банки треба да ги сметаат ваквите трансакции во платниот промет со странство како тековни трансакции помеѓу резиденти и нерезиденти. Треба да се има предвид дека оваа материја е променлива и е предмет на постојано следење, поради што и тековните препораки може да бидат променети.
Согласно со Упатството на Народната банка за начинот за вршење на платниот промет со странство за плаќање на нерезидент врз основа на тековна трансакција се бара документ од којшто може да се утврди основ и обврска за плаќање во странство, оттука при купувањето криптосредства од страна на резидентите, со оглед на нивната специфичност, домашната банка треба да определи кои документи ќе ги смета за доволни заради постапување согласно со регулативата. Како соодветен документ може да се смета и налог за извршување трансакција даден од резидентот, или договор или друг документ со кој може да се потврди трансакцијата.
При вршењето на плаќањето / наплатата треба да се користи шифрата на основ 112 (увоз / извоз на стоки) предвидена во Шифрарникот на основи за плаќања и наплати којшто е составен дел на Упатството за начинот за вршење на платниот промет со странство.
Од аспект на приливите за резидентите од продажба на криптосредства во странство, домашната банка треба да примени постапка за директна наплата, односно да ја одобри трансакциската сметка на резидентот корисник на наплата, доколку располага со претходна писмена информација добиена од корисникот на наплатата за видот на трансакцијата и бројот на трансакциската сметка на која треба да се одобри наплатата, без притоа да се бараат посебни документи. (назад | назад на Прашања и одговори)
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}