Скопје, 17.1.2023 година
Скопје, 17.1.2023 година
На седницата на Советот на Народната банка, којашто се одржа на 16 јануари беше донесена Одлука за задолжителна резерва, со којашто се приспособи временската рамка за пресметка на основата за задолжителната резерва на банките и штедилниците. На тој начин се создаваат оперативни можности за натамошно приспособување на системот на задолжителната резерва со поставеноста на овој инструмент во Евросистемот, од аспект на фреквентноста и должината на периодите на одржување на задолжителната резерва. Во таа смисла, Народната банка донесе нов индикативен календар на периоди на одржување задолжителна резерва во 2023 година. Со календарот за 2023 година се предвидени вкупно девет периоди на одржување на задолжителната резерва, наместо досегашната практика од вкупно дванаесет во текот на годината. Од 2024 година, Народната банка ќе одреди вкупно осум периоди на задолжителна резерва, коишто ќе бидат целосно усогласени со динамиката на одржувањето на задолжителната резерва во Евросистемот. Измените овозможуваат поголема оперативна флексибилност за банките и штедилниците во однос на планирањето и управувањето со денарските ликвидни средства на дневна основа, а ќе се применуваат од март 2023 година. Согласно досегашната поставеност на оперативната рамка на монетарната политика, Народната банка и натаму ќе одржува аукции на благајнички записи на првиот ден од периодот на задолжителна резерва.
Истовремено со овие измени, а заради усогласување на динамиката на преиспитување на поставеноста на монетарната политика со седниците на ЕЦБ, Народната банка донесе нов индикативен календар на седници на Комитетот за оперативна монетарна политика за 2023 година. Со календарот е предвидено седниците на Комитетот за оперативна монетарна политика во следниот период да се одржуваат неколку дена по одржувањето на седниците на ЕЦБ на коишто оваа централна банка носи одлуки за поставеноста на монетарната политика.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}