Ве известуваме дека 42. сесија на Клубот на истражувачите ќе се одржи на 31 март 2022 година (четврток) со почеток во 14 часот, преку видеоконференциска врска на е-платформата „Вебекс“. На сесијата ќе биде презентиран трудот:
„Евроизација кај домаќинствата во Република Северна Македонија: Дали е блиску или далеку од оптималните нивоа?“ од Тања Јакимова, Милан Елисковски и Артина Беџети Бафтијари.
Сите заинтересирани за учество на оваа сесија на Клубот на истражувачите можат да го најават своето учество најдоцна до 30 март 2022 година (среда) на е-адресата: [email protected]. По најавата на учеството, на сите пријавени учесници ќе им бидат испратени информации за најава на е-платформата на која ќе се одржи сесијата.
Зачленувањето во Клубот е од отворен карактер, за што можете да видите подетални информации на веб-страницата на Народната банка www.nbrm.mk, во делот Клуб на истражувачи.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}