Ве известуваме дека 38. сесија на Клубот на истражувачите ќе се одржи на 5 март 2021 година (петок) со почеток во 12 часот, преку видеоконференциска врска на е-платформата „Вебекс“. На сесијата ќе бидe презентиран трудот:
„Динамички стохастичен модел на општа рамнотежа (ДСГЕ-модел) со делумна евроизација: случајот на македонската економија“, од Михаи Копачу, Јоана Маџоска и Мите Митески.
Трудот е изработен во рамките на твининг-проектот „Јакнење на институционалниот капацитет на Народната банка на патот кон нејзиното членство во ЕСЦБ“, финансиран од Европската Унија.
Сите заинтересирани за учество на оваа сесија на Клубот на истражувачите можат да го најават своето учество најдоцна до 4 март 2021 година (четврток) на е-адресата: [email protected]. По најавата на учеството, на сите пријавени учесници ќе им бидат испратени информации за најава на е-платформата на која ќе се одржи сесијата.
Зачленувањето во Клубот е од отворен карактер, за што можете да видите подетални информации на веб-страницата на Народната банка www.nbrm.mk, во делот Клуб на истражувачи.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}