
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Ве известуваме дека 36. сесија на Клубот на истражувачите ќе се одржи на 17 септември 2020 година (четврток) со почеток во 14 часот, преку видеотелеконференциска врска на е-платформата „Вебекс“. На сесијата ќе бидат презентирани следниве трудови:
- „Меѓусебното дејство на условната плата и траењето на невработеноста: емпириски докази од Јордан, Србија, Црна Гора, Украина и Молдавија за 2015 година“, од Тереза Кочовска и
- „Унапредување на процесот на кредитна анализа кај банките преку употреба на методи од машинско учење“, од Ален Калач.
Сите заинтересирани за учество на оваа сесија на Клубот на истражувачите можат да го најават своето учество најдоцна до 16 септември 2020 година (среда) на е-адресата: [email protected]. По најавата на учеството, на сите пријавени учесници ќе им бидат испратени информации за најава на е-платформата на која ќе се одржи сесијата.
Зачленувањето во Клубот е од отворен карактер, за што можете да видите подетални информации на веб-страницата на Народната банка www.nbrm.mk, во делот Клуб на истражувачи.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}