Што се колачиња?

На нашата веб-страница користиме колачиња. Колачето претставува мала датотека којашто се состои од букви и бројки што се запишуваат на Вашиот компјутер. Колачињата не зачувуваат лични податоци, како што се Вашето име или адреса. Кога следниот пат ќе ја посетите нашата страница, колачињата ни дозволуваат да го препознаеме Вашиот пребарувач. Колачињата може да ги зачувуваат Вашите преференции и други информации, но не можат да ги читаат Вашите податоци или информации од Вашиот тврд диск или, пак, да читаат други зачувани датотеки за колачиња од други страници. Може да го наместите Вашиот веб-прелистувач да ги одбива колачињата, за што може подетално да се информирате преку нашата Политика за колачиња

Политиката за колачиња
logo
  • МК
  • EN
  • AL
  • За Народната банка
    • Поставеност, овластувања и организација на Народната банка
    • Органи на Народната банка
    • Совет на Народната банка
      • Седници на Советот
      • Начин на работа на Советот на Народната банка
    • Извршен одбор
    • Гувернер
    • Вицегувернери
    • Комитети
    • Корпоративно управување
    • Цели и задачи
    • Транспарентност
    • Односи со јавноста
      • Соопштенија за печат
        • 2025
        • 2024
        • 2023
        • 2022
        • 2021
        • 2020
        • 2019
        • 2018
        • 2017
        • 2016
        • 2015
        • 2014
        • 2013
      • Говори
      • Интервјуа
      • Известувања
        • 2025
        • 2024
        • 2023
        • 2022
        • 2021
        • 2020
      • Слободен пристап до информации од јавен карактер
      • Овластено лице за прием на пријави од укажувачи
      • Офицер за заштита на личните податоци
      • Соработка
    • Организациска шема
    • Стратегија
    • Програма за работа
    • Меѓународни односи
      • Односи со ЕУ
        • Претпристапна помош
          • Соопштенија
          • Презентации и говори
        • Билтени за проекти
      • Односи со меѓународни финансиски институциии
      • Техничка соработка
    • Конференции
      • Конференција на високо ниво
      • Деветта меѓународна истражувачка конференција
        • Фотогалерија
      • 15. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура
      • Vienna Initiative – Full Forum (22-24 March 2023), Skopje
        • Соопштенија
        • Фотогалерија
      • 14. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура
      • Осма меѓународна истражувачка конференција
      • Јубилеј 30 години монетарна самостојност
      • Работилница: Најдобрите практики за управување со човечките ресурси во банкарскиот систем во Република Северна Македонија, 10-11 ноември 2021 година
      • Виртуелна регионална работилница за статистика во организација на Народната банка на Република Северна Македонија, 11 декември 2020 година
      • 11-та Конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура
      • Седма меѓународна истражувачка конференција
      • Меѓународна конференција на високо ниво за монетарна политика и управување со финансиски средства (Мериот Хотел Скопје), 16. Февруари 2018 година
      • Десетта јубилејна конференција за плaќања и пазарна инфраструктура
      • Свечено одбележување на јубилејот по повод 25 години од монетарното осамостојување на Република Македонија
      • Шеста меѓународна истражувачка конференција
      • Петта меѓународна истражувачка конференција
      • Работната група на БИС за Монетарната политика во Централна и Источна Европа
      • Прв регионален форум на Источна Европа и Централна Азија за финансиска вклученост
      • Четврта меѓународна истражувачка конференција: "Справување со структурните ригидности во контекст на ефективноста на трансмисијата на монетарната политика"
      • Трета регионална конференција за финансиска едукација за Европа и Централна Азија
      • Трета меѓународна истражувачка конференција: "На патот кон заздравување и одржлив раст во променетото глобално окружување"
      • Втора меѓународна истражувачка конференција на тема: "Поставеноста на политиките и глобалното опкружување: нов консензус од кризата?"
      • Конференција по повод на одбележувањето 20 години од монетарното осамостојување на Република Македонија
      • Отворање на заеднички Јавен информативен центар на Светска банка и НБРМ
      • 23 Годишна конференција на Групацијата на банкарски супервизори од централна и источна Европа (БСЦИЕ)
      • Конференција: Конкурентноста на земјите на Југоисточна Европа и предизвиците на патот кон ЕУ
      • Работилница: Цените на храната и инфлацијата
      • Работилница: Проблеми во мерењето на инфлацијата
      • Работилница на тема: Енергетска потрошувачка во РМ и нејзиниот ефект врз билансот на плаќања
      • Јубилеј 60 години Централно - банкарски активности во Република Македонија
      • Работилница: Високото ниво на готовите пари во оптек во Република Македонија
    • Годишна награда
    • Финансиска едукација
    • Музеј
    • Библиотека и архив
    • Кариера во Народната банка
      • Народната банка како работодавач
      • Вработување во Народната банка
      • Практична работа во Народната банка
    • Донации
  • Монетарна политика
    • Поставеност на монетарната политика
    • Извршен одбор за монетарната политика
    • Спроведување на монетарната политика
      • Операции на отворениот пазар
        • Аукции на благајнички записи
        • Аукции на репо-трансакции
        • Дефинитивни трансакции
      • Задолжителна резерва
      • Расположливи депозити
      • Расположлив кредит преку ноќ
      • Интрадневен кредит
      • Ликвидносна состојба на банкарскиот систем
    • Промени на основната каматна стапка на Народната банка
  • Финансиски пазари
    • Аукции на благајнички записи
    • Меѓубанкарски пазар на депозити
      • Меѓубанкарска каматна стапка на пазар на депозити-СКИБОР (Skopje Interbank Offered Rate)
      • Меѓубанкарска каматна стапка на пазар на депозити-МКДОНИА (Macedonian Denar Overnight Index Average)
      • Тргување на меѓубанкарски пазар на депозити
    • Аукции на државни хартии од вредност
    • Девизен пазар
    • Секундарен пазар со хартии од вредност
    • Информации од меѓународните финансиски пазари
  • Финансиска стабилност
    • Што е финансиската стабилност и како се одржува?
    • Финансискиот систем во Република Северна Македонија
    • Податоци и показатели
      • Показатели за финансиската стабилност
      • Податоци и показатели за банкарскиот систем на Република Северна Македонија
      • Преглед на зелени показатели
      • Календар на објавување на податоци за банкарскиот систем на Република Северна Македонија
    • Поставеност на макропрудентната политика во Република Северна Македонија
      • Соопштенија од Комитетот за финансиска стабилност
      • Стратегија за спроведување на макропрудентната политика во Република Северна Македонија
      • Извештаи за Комитетот за финансиска стабилност
    • Дефиниција, опфат и цели на макропрудентната политика во Република Северна Македонија
    • Улогата на Народната банка
    • Макропрудентни инструменти на Народната банка
      • Заштитни слоеви на капиталот
      • Мерки насочени кон кредитокорисниците
      • Други макропрудентни инструменти
      • Одлуки за поставеноста на макропрудентните инструменти на Народната банка
      • Макропрудентни извештаи
    • Публикации
      • Извештаи за финансиската стабилност
      • Извештаи за банкарскиот систем на Република Северна Македонија
      • Анкетни истражувања
      • Анализи и работни материјали
      • Обрасци
    • Стрес-тестирање на банкарскиот сектор
  • Супервизија
    • Банкарска супервизија и регулатива
    • Законска регулатива
      • Лиценцирање
      • Адекватност на капиталот
      • Кредитен ризик
      • Ликвидносен ризик
      • Валутен ризик
      • Останати ризици
      • Супервизија и надзор
      • Сметководство, финансиски извештаи, објавување и ревизија
      • Заштита на потрошувачи при договори за потрошувачки кредити
      • Кредитен регистар
      • Останата регулатива
      • Супервизорски циркулари
      • Нацрт регулатива
        • Предлог регулатива за доставување податоци во системот ИСИДОРА
    • Банкарски систем на Северна Македонија
    • Организациона структура на супервизијата
    • Прашања и одговори
    • Прашања и одговори од девизното работење
    • Спречување перење пари и финансирање на тероризам
      • Стратешки документи
      • Закон и подзаконски акти за спречување перење пари и финансирање на тероризам
        • Закон за СППФТ
        • Подзаконски акти на Народната банка
      • Меѓународни организации и национални институции
      • Меѓународни стандарди
      • Презентации
  • Платни системи и платежните услуги
    • Македонска платежна инфраструктура
    • Улогата на Народната банка во платните системи
      • Надзорна улога
      • Стандарди за работа на платните системи
    • Регулатива за платните системи и платежните услуги
    • Платежни институции, институции за електронски пари и оператори на платни системи
      • Издавање дозволи
      • Регистри
    • Платежна статистика
    • Конференции, новости и публикации
    • Национален совет за платните системи
    • Порта за иновации
    • Споредете ги надоместоците за платежните услуги
  • Македонски пари
    • Книжни пари во оптек
    • Ковани пари во оптек
    • Ковани пари за колекционерски цели
    • Дизајн на новите полимерни пари
    • Листа на успешно тестирани машини
  • Статистика
    • Програма за статистички истражувања 2023 - 2027
    • Календар на објавување на податоци
    • Билтени
    • Монетарна статистика и статистика на каматните стапки
      • Монетарна статистика
      • Статистика на каматните стапки
    • Екстерни статистики
      • Платен биланс
      • Oфицијални девизни резерви и девизна ликвидност
      • Меѓународна инвестициска позиција
      • Директни инвестиции
        • Директни инвестиции - Движења
        • Директни инвестиции - Состојби
      • Портфолио инвестиции (КППИ)
      • Надворешно-трговска размена
      • Надворешен долг
      • Eфективен девизен курс (РЕДК)
    • Финансиски сметки
      • Статистика на финансиските сметки
      • Должнички хартии од вредност
    • СДДС Плус - Специјален систем за дисеминација на податоци плус
    • Основни економски показатели и цени на недвижности
    • Известувањa за потребите на статистиката
    • Соопштенија за печат
    • НБСтат - Статистички веб портал
  • Публикации
    • Годишни извештаи
      • 2024
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
      • 2012
      • 2011
      • 2010
      • 2009
      • 2008
      • 2007
      • 2006
      • 2005
      • 2004
      • 2003
      • 2002
      • 2001
      • 2000
      • 1999
      • 1998
      • 1997
      • 1996
      • 1995
      • 1994
      • 1993
      • 1992
    • Најнови макроекономски показатели
      • 2025
      • 2024
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
    • Квартални извештаи
      • 2025
      • 2024
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
      • 2012
      • 2011
      • 2010
      • 2009
      • 2008
      • 2007
      • 2006
      • 2005
      • 2004
    • Квартални извештаи за банкарскиот систем
      • 2024
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
      • 2012
      • 2011
    • Полугодишни извештаи (до 2010)
      • 2010
      • 2009
      • 2008
    • Анкетни истражувања
      • Aнкета за кредитна активност
        • 2025
        • 2024
        • 2023
        • 2022
        • 2021
        • 2020
        • 2019
        • 2018
        • 2017
        • 2016
        • 2015
      • Анкета за инфлациските очекувања (до јули 2017 година)
        • 2017
        • 2016
        • 2015
        • 2014
        • 2013
      • Анкета за инфлациските очекувања и очекувањата за движењето на реалниот БДП
        • 2025
        • 2024
        • 2023
        • 2022
        • 2021
        • 2020
        • 2019
        • 2018
        • 2017
    • Извештај за финансиска состојба на Народната банка
      • 2025
      • 2024
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
      • 2012
      • 2011
      • 2010
    • Истражување
      • Работни материјали
      • Анализи
      • Економски истражувања (2001-2004)
      • Клуб на истражувачи
        • 1 сесија 01.07.2011
        • 2 сесија 02.09.2011
        • 3 сесија 02.12.2011
        • 4 сесија 02.03.2012
        • 5 сесија 08.06.2012
        • 6 сесија 14.09.2012
        • 7 сесија 07.12.2013
        • 8 сесија 08.03.2013
        • 9 сесија 07.06.2013
        • 10 сесија 26.09.2013
        • 11 сесија 19.12.2013
        • 12 сесија 13.03.2014
        • 13 сесија 12.06.2014
        • 14 сесија 18.09.2014
        • 15 сесија 11.12.2014
        • 16 сесија 19.03.2015
        • 17 сесија 11.06.2015
        • 18 сесија 17.09.2015
        • 19. сесија 10.12.2015
        • 20. сесија 10.03.2016
        • 21. сесија 9.06.2016
        • 22. сесија 15.09.2016
        • 23. сесија 16.12.2016
        • 24. сесија 02.03.2017
        • 25. сесија 01.06.2017
        • 26. сесија 14.09.2017
        • 27. сесија 07.12.2017
        • 28. сесија 15.3.2018
        • 29. сесија 13.6.2018
        • 30. сесија 26.9.2018
        • 31. сесија 13.12.2018
        • 32. сесија 21.03.2019
        • 33. сесија 26.6.2019
        • 34. сесија 20.9.2019
        • 35. сесија 12.12.2019
        • 36. сесија 17.09.2020
        • 37. сесија 17.12.2020
        • 38. сесија 05.03.2021
        • 39. сесија 01.07.2021
        • 40. сесија 16.09.2021
        • 41. сесија 22.12.2021
        • 42. сесија 31.03.2022
        • 43. сесија 30.06.2022
        • 44. сесија 26.09.2022
        • 45. сесија 23.12.2022
        • 46. сесија 30.03.2023
        • 47. сесија 15.06.2023
        • 48. сесија 21.09.2023
        • 49. сесија 21.12.2023
        • 50. сесија 28.03.2024
        • 51. сесија 27.06.2024
        • 52. сесија 26.09.2024
        • 53. сесија 19.12.2024
        • 54. сесија 27.03.2025
      • Програма за истражувачка дејност
      • Аналитички прилози во кварталните извештаи
      • Збирки на трудови од конференции
      • Разно
    • Библиографии
    • Стратегии
  • Прописи
    • Закони
    • Одлуки
      • Одлуки од областа на операции на финансиските пазари
      • Одлуки од областа на девизното работење
      • Одлуки од областа на платните системи и платежните услуги
      • Одлуки од областа на статистиката
      • Одлуки од областа на трезорско работење
        • Управување со книжни и ковани пари
        • Издавање, пуштање во оптек и повлекување од оптек на книжни и ковани пари
      • Одлуки од областа на решавањето банки
      • Одлуки од областа на супервизијата
      • Одлуки врз основа на Законот за финансиска стабилност
      • Одлуки од областа на сметководството и финансиското известување
      • Одлука за видот и висината на надоместоците за услугите коишто ги дава Народната банка на Република Северна Македонија
      • Одлуки од областа на информатичката технологија
    • Упатства
      • Упатства од областа на операции на финансиските пазари
      • Упатства од областа на девизно работење
      • Упатства од областа на платните системи и платежните услуги
      • Упатства од областа на кредитни работи со нерезиденти
      • Упатства од областа на статистиката
      • Упатства од областа на супервизијата
      • Упатства од областа на трезорско работење
    • Циркулари
    • Регулатива за државни хартии од вредност
      • Примарен пазар на државни хартии од вредност
      • Секундарен пазар на државни хартии од вредност
    • Прописи и документи од монетарното работење во периодот на монетарното осамостојување
    • Интерна регулатива
      • Интерна регулатива од областа на корпоративното управување
  • Решавање банки
    • Решавање
    • Подготвителни активности
    • Инструменти за решавање
    • Минимална стапка на сопствени средства и дозволени обврски (МРЕЛ)
    • Фонд за решавање
    • Вреднување
    • Законска регулатива

 

Скопје, 5 февруари 2023 (МИА)

Со новиот Закон за платежни услуги и платни системи се очекува да се јават нови даватели на платежни услуги со што ќе се зголеми конкурентноста на пазарот што пак ќе придонесе кон збогатување на услугите, дигитализација и намалување на надоместоците што им се наплатуваат на граѓаните.

Покрај банките, сега платежни услуги ќе може да даваат и штедилниците и специјализирани институции за платежни услуги кои ќе треба да добијат дозвола од Народната банка, а притоа да исполнат низа строги критериуми.

- Кај новите даватели на платежни услуги, на сличен начин како и кај банките, граѓаните и фирмите ќе може да отвораат платежни сметки преку кои ќе вршат плаќања за различни потреби користејќи електронско банкарство или иницирајќи ги во работните простории на давателите, да користат платежни картички, мобилни телефони и други паметни уреди за да иницираат плаќања на физичките места на продажба или преку интернет, како и да подигнуваат и внесуваат готови пари на своите платежни сметки користејќи банкомати или на шалтeрите кај даватeлите. Притоа, ако се има предвид искуството од земјите каде што ваквите институции се присутни, се очекува дека новите даватели на платежни услуги ќе понудат иновативни начини за полесно иницирање на плаќањата и нивно побрзо извршување, вели вицегувернерката на Народната банка Емилија Нацевска во интервју за МИА кое подолу е објавено во целост.

Таа нагласува дека парите на граѓаните и на компаниите кај овие даватели на услуги нема да се третираат како депозити, но ќе бидат заштитени така што ќе стојат на посебна сметка и во случај на стечај или ливидација нема да влезат во стечајната маса.

- Паричните средства на граѓаните и компаниите кај платежните институции и институциите за електронски пари се за целите на извршување платежни трансакции и не претставуваат депозити, како што е случајот со средствата коишто ги чуваат кај банките и штедилниците коишто, согласно законските прописи, подлежат на обесштетување од страна на Фондот за осигурување на депозити во случај на стечај или ликвидација на депозитната институција. Од овие причини, а заради нивна заштита, платежните институции и институциите за електронски пари согласно новата регулаторна рамка ќе бидат должни да го издвојат износот на паричните средства на платежните сметки кај нив коишто граѓаните и фирмите не ги искористиле за извршување плаќања, на посебни сметки и притоа не смеат да ги мешаат со сопствените средства коишто ги користат за нивното редовно работење, истакнува Нацевска.

Народната банка, како што нагласува, ќе врши теренски и вонтеренски надзор над работењето на новите даватели на платежни услуги со цел да ја следи нивната усогласеност со важечките прописи.

 

Интервјуто во целост:

Новиот Закон за платежни услуги и платни системи стапи на сила од јануари. Со него се отвора можноста за влез на нови играчи на пазарот на плаќања. Кои се новите видови на даватели на платежни услуги кои може да ги очекуваме и какви платежни услуги ќе нудат?

- Една од значајните придобивки којашто произлегува од овој закон е отворањето на пазарот за нови даватели на платежни услуги и проширувањето на сетот платежни услуги коишто ќе се нудат на пазарот. Па така, покрај банките, платежни услуги ќе може да даваат и штедилниците, а како нови играчи ќе се јават и специјализирани институции за давање платежни услуги и/или за издавање електронски пари со кои, исто така, би се извршувале плаќања. Новите институции, како и штедилниците, треба да добијат дозвола за давање платежни услуги и/или за издавање електронски пари од Народната банка, за што треба да исполнат соодветни услови коишто се јасно пропишани со Законот и подзаконските акти.

Кај новите даватели на платежни услуги, на сличен начин како и кај банките, граѓаните и фирмите ќе може да отвораат платежни сметки преку кои ќе вршат плаќања за различни потреби користејќи електронско банкарство или иницирајќи ги во работните простории на давателите, да користат платежни картички, мобилни телефони и други паметни уреди за да иницираат плаќања на физичките места на продажба или преку интернет, како и да подигнуваат и внесуваат готови пари на своите платежни сметки користејќи банкомати или на шалтeрите кај даватeлите. Притоа, ако се има предвид искуството од земјите каде што ваквите институции се присутни, се очекува дека новите даватели на платежни услуги ќе понудат иновативни начини за полесно иницирање на плаќањата и нивно побрзо извршување. Секако, дополнителна придобивка за граѓаните и фирмите ќе биде и можноста плаќањата да се извршат со користење електронски пари коишто ќе ги издаваат давателите на платежни услуги. Во едно вакво конкурентно окружување, за очекување е и постојните даватели на платежни услуги да понудат нови, иновативни платежни услуги и продукти за поефикасно и побрзо извршување на плаќањата од страна на граѓаните и фирмите.

Кога се очекува да почнат со работа овие нови даватели на услуги?

- Новата регулаторна рамка е во примена од почетокот на оваа година. Оттука, заинтересираните субјекти може да поднесуваат барања и соодветна документација за добивање дозвола за давање платежни услуги, односно за издавање електронски пари до Народната банка. Доколку барателите ги исполнат предвидените регулаторни услови, ќе може да започнат со давањето платежни услуги по добивањето на дозволата од Народната банка.

Која е гаранцијата дека новите даватели на услуги ќе работат согласно законот и што доколку некоја од нив пропадне. Дали средствата на граѓаните и на фирмите ќе бидат заштитени?

- Паричните средства на граѓаните и компаниите кај платежните институции и институциите за електронски пари се за целите на извршување платежни трансакции и не претставуваат депозити, како што е случајот со средствата коишто ги чуваат кај банките и штедилниците коишто, согласно законските прописи, подлежат на обесштетување од страна на Фондот за осигурување на депозити во случај на стечај или ликвидација на депозитната институција. Од овие причини, а заради нивна заштита, платежните институции и институциите за електронски пари согласно новата регулаторна рамка ќе бидат должни да го издвојат износот на паричните средства на платежните сметки кај нив коишто граѓаните и фирмите не ги искористиле за извршување плаќања, на посебни сметки и притоа не смеат да ги мешаат со сопствените средства коишто ги користат за нивното редовно работење. Притоа, давателите на платежни услуги се должни со соодветни докази и документи во законски пропишан рок да ја известат Народната банка при какви било промени во начинот на заштита на паричните средства примени за извршување платежни трансакции, односно користење електронски пари. Во случај на стечај или ликвидација на платежна институција или институција за електронски пари, така издвоените парични средства на граѓаните и фирмите на посебни сметки нема да влезат во стечајната маса на субјектот, односно ќе бидат заштитени и ставени на располагање на сопствениците. Народната банка ќе врши теренски и вонтеренски надзор над работењето на новите даватели на платежни услуги со цел да ја следи нивната усогласеност со важечките прописи.

Една од новините во законот е тоа што на граѓаните како можност им се нуди платежна сметка со основни функции. За каква сметка станува збор и по што се разликува таа од платежните сметки што сега ги користат граѓаните?

- Платежна сметка со основни функции, согласно Законот, ќе може да отвораат потрошувачите, односно граѓаните. Сметката со основни функции може да биде само во денари и, слично како и другите платежни сметки, може да ја користат за плаќања сметки за комунални и други услуги, јавни давачки, разни други плаќања и преноси на парични средства, внесување и повлекување готовина или за купување на физичките места на продажба или преку интернет со дебитни платежни картички. Разликата во однос на другите платежни сметки е што преку овие сметки граѓаните ќе може да извршуваат плаќања само во рамките на средствата со кои располагаат на сметката, односно нема да можат да користат договорно пречекорување и да навлегуваат во т.н. „минусно салдо“ за да вршат плаќања. Токму заради ваквото ограничување, банката или штедилницата за услугите со платежната сметка со основни функции може да пресмета и да наплати вкупен месечен надоместок само до разумна висина, којшто не смее да биде повисок од 0,1% од подвижниот просек на просечната месечна исплатена нето-плата во земјата за претходните 12 месеци. Во согласност со објавите од страна на Државниот завод за статистика, вака пресметаниот месечен надоместок тековно би изнесувал околу 31 денар. Овој надоместок вклучува месечно одржување на сметката, неограничен број платежни трансакции за внесување или повлекување готови пари непосредно на шалтерите во работните простории на давателот, или преку неговата мрежа на банкомати, неограничен број платежни трансакции со дебитни картички и извршување минимум пет платежни трансакции со кредитен трансфер, вклучувајќи и траен налог, или со директно задолжување со кои се пренесуваат парични средства на други платежни сметки на клиенти на истиот давател на платежни услуги. Притоа, важно е да се напомене дека за потрошувачите коишто ѝ припаѓаат на групата корисници на законски дефинирани права, како што се на пример издршка, парична помош од социјална заштита, привремена невработеност, додаток за дете, стипендија или слично, а што произлегува врз основа на закон, за користењето на наведените платежни услуги преку платежната сметка со основни функции, банката или штедилницата не е дозволено да пресметува и да наплатува надоместок.

Согласно наведеното, клучната разлика помеѓу постојните платежни сметки коишто ги имаат граѓаните кај банките во однос на платежната сметка со основни функции е во ограничувањето на надоместоците коишто ќе ги плаќаат граѓаните за користењето платежни услуги преку оваа сметка и можноста за лицата со законски права да ја користат без надомест.

Доколку некој сака да отвори ваква сметка, дали тоа значи дека ќе може паралелно да ги користи и сите досегашни сметки?

 

- Граѓаните кои сакаат да користат платежна сметка со основни функции ќе може да имаат само една платежна сметка во денари кај сите банки и штедилници. Оттука, доколку граѓаните тековно имаат повеќе платежни (трансакциски) сметки во денари, ќе треба да ги затворат, а ќе може една од нив да ја трансформираат во платежна сметка со основни функции. Доколку граѓаните сакаат да отворат платежна сметка со основни функции кај банка или штедилница кај која тековно немаат платежна (трансакциска) сметка, тогаш ќе треба да ги затворат сите платежни (трансакциски) сметки во денари кај другите банки и штедилници коишто ги отвориле во минатото. Од друга страна, кај истата банка или штедилница граѓаните ќе може да користат кредитна картичка за што ќе мора да склучат одделен договор, како и да имаат неограничен број платежни сметки во странска валута.

 

 

Како еден од важните сегменти во Законот се посочува заштитата на потрошувачите. Што е она што е поразлично во овој закон во однос на заштитата на потрошувачите?

- Новата регулаторна рамка сосема јасно ги уредува обврските на давателите на платежни услуги во сегментот на заштитата на правата на потрошувачите коишто произлегуваат од користењето на платежните услуги. За првпат во историјата на платежните услуги во нашата земја, со одредбите на новиот закон се воведува обврска за давателот на платежни услуги да ги уреди правата и обврските на потрошувачите со рамковен договор во стандардизирана форма, којшто треба да содржи задолжителен сет информации, како и можностите и условите под кои може да биде изменет или раскинат. Со овие одредби се постигнува поголема транспарентност на давателите на услугите и се обезбедува подобра информираност, правна сигурност и еднаков третман на потрошувачите кај давателите на платежните услуги.

Поконкретно, новата регулаторна рамка пропишува јасна обврска за давателот на платежни услуги да го информира потрошувачот за условите под кои може да ги користи неговите платежни услуги и да му даде информативен документ за надоместоците за најчесто користените, односно најрепрезентативните услуги поврзани со платежната сметка, уште пред да го склучи рамковниот договор, со што на транспарентен и унифициран начин се обезбедува соодветна информираност на потрошувачите при носењето на одлуките. Исто така, преку законската обврска на давателот за доставување извештај за надоместоците до потрошувачот, најмалку еднаш годишно, се зголемува и информираноста на потрошувачите за надоместоците коишто давателите на платежни услуги им ги наплатиле за користењето на платежната сметка, вклучувајќи ги и информациите за платените камати на паричните средства на платежната сметка, со што се обезбедува и нивна поголема заштита. Воедно, новата регулаторна рамка на недвосмислен начин ги прецизира не само содржината на овие документи, туку и формата, роковите и начинот на кој давателот на платежни услуги е должен да ги достави до потрошувачот.

Понатаму, заштитата на потрошувачите се отсликува и во прецизно дефинираните одговорности на давателите и на корисниците на платежни услуги во случај на неавторизирани платежни трансакции. Во одредбите на новиот закон, од аспект на одговорностите на давателите на платежните услуги е уредено дека во случај да извршил платежна трансакција којашто не ја авторизирал имателот на сметката, е должен да ја врати состојбата на сметката во истата состојба во којашто би била доколку не е извршена неавторизираната платежна трансакција и притоа датумот на одобрување не може да биде подоцна од датумот на кој сметката била задолжена за износот на трансакцијата. Во случај кога се извршени неавторизирани платежни трансакции поради тоа што имателот на сметката го изгубил или му е украден платниот инструмент (на пример, платежна картичка), законски се ограничува износот до кој може граѓанинот да ги преземе загубите и тој е утврден на најмногу 1.200 денари.

Одредбите на Законот, исто така, овозможуваат заштита на потрошувачите од високи надоместоци за водење сметка во случаи кога таа не се користи, со што се зголемува довербата за депонирање средства, што за првпат во таква смисла е уредено преку концептот на неактивна сметка. Притоа, Законот предвидува поголема заштита на средствата коишто граѓаните ги чуваат како на платежните сметки преку кои ги извршуваат плаќањата, така и на средствата коишто се орочени и ги чуваат на депозитните сметки. Имено, доколку граѓанинот не ја користел платежната сметка подолго од две години или не остварил комуникација со давателот на платежни услуги во врска со платежната сметка во тој период, таа ќе добие статус на неактивна платежна сметка. Имајќи предвид дека средствата на депозитните сметки се орочуваат на подолг период, активноста на депозитна сметка се следи во период од 10 години, по што доколку граѓанинот не остварил комуникација со давателот на платежни услуги во тој период, истата ќе добие статус на неактивна сметка. Во таков случај, се ограничува наплатата на надоместоци за одржувањето неактивни сметки од страна на давателите, а тие треба да продолжат со пресметување камата на позитивното салдо на паричните средства на неактивната сметка согласно склучениот договор со потрошувачот.

Дали со Законот се регулира висината на надоместоците кои давателите на платежни услуги ги наплатуваат од граѓаните и дали ќе бидат информирани колкави надоместоци им се наплатуваат за платежните услуги?

- Како што објаснив и за претходните прашања, висината на надоместоците се регулира кај користењето на платежната сметка со основни функции. Во однос на информирањето на граѓаните за висината на надоместоците, давателите на платежни услуги имаат обврска да им дадат на граѓаните информативен документ за надоместоците пред склучување рамковен договор и да им достават годишен извештај за наплатените надоместоци. Но, она што е посебно важно да се истакне како придобивка од овој закон во однос на надоместоците е обврската на давателите на платежните услуги на редовна основа да доставуваат податоци до Народната банка за висината на надоместоците за најрепрезентативните услуги поврзани со платежната сметка. За таа цел, Народната банка дефинира листа од 11 најрепрезентативни услуги поврзани со платежната сметка за кои редовно ќе прибира податоци за надоместоците од секој давател на платежни услуги и ќе ги објавува на својата интернет-страница во компаративен контекст. Предвидено е до крајот на септември оваа година да се објават првите податоци за надоместоците на интернет-страницата на Народната банка. На овој начин, граѓаните ќе имаат брза и лесно достапна информација за надоместоците кога одлучуваат кај кој давател да користат платежни услуги. Се очекува, преку зголемената транспарентност и олеснета споредливост на надоместоците, да се создадат услови за поголема конкурентност, а со тоа и поповолни цени за платежните услуги за граѓаните.

 

Отвореното банкарство е една од позначајните придобивки кои се очекува да се добијат со овој закон. Што подразбира концептот „отворено банкарство“ и од кога ќе биде во примена?

- Новата регулаторна рамка создава услови за примена на иновациите и подигнување на конкурентноста и ефикасноста во платежната сфера, меѓу другото и преку примена на концептот на т.н. „отворено банкарство“. Отвореното банкарство ќе го вклучи финтек-секторот во осмислувањето нови решенија коишто им помагаат на граѓаните и фирмите да ги извршуваат и да ги следат плаќањата полесно. Така, придобивките за клиентите од аспект на користењето на услугите за иницирање плаќања од платежните институции се брзо и сигурно купување производи и услуги преку интернет, со користење електронско или мобилно банкарство, без употреба на платежна картичка, каде што врз основа на согласност дадена од клиентот, платежната институција во име на клиентот иницира плаќање и врши пренос на паричните средства од платежната сметка на клиентот којашто се води во банката кон платежната сметка на трговецот кон кој се врши плаќањето. Платежните институции коишто ќе даваат услуги за информации за сметки ќе им нудат на своите клиенти можност на едно место да добијат информации за трансакциите и состојбите на платежните сметки (коишто се водат кај еден или повеќе даватели на платежни услуги на пазарот), со што на полесен и поедноставен начин, ќе може да ги следат состојбата и движењето на нивните платежни сметки и да управуваат со сопствените средства. Се планира концептот на отворено банкарство да почне да се применува најдоцна до првиот квартал 2024 година.

Согласно сето изнесено погоре, нашата улога како регулатор на овој пазар е да ја поттикнеме конкуренцијата којашто треба да придонесе кон збогатување на услугите, нивно засновање на дигитални решенија, при намалени надоместоци, а на тој начин да го поттикнеме и процесот на финансиско вклучување на граѓаните.

Билјана Анастасова-Костиќ

фото: Дарко Попов  

 

 

 

 

 

Почетна За Народната банка Односи со јавноста Интервјуа
  • Поставеност, овластувања и организација на Народната банка
  • Органи на Народната банка
  • Совет на Народната банка
  • Извршен одбор
  • Гувернер
  • Вицегувернери
  • Комитети
  • Корпоративно управување
  • Цели и задачи
  • Транспарентност
  • Односи со јавноста
    • Соопштенија за печат
    • Говори
    • Интервјуа
    • Известувања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Овластено лице за прием на пријави од укажувачи
    • Офицер за заштита на личните податоци
    • Соработка
  • Организациска шема
  • Стратегија
  • Програма за работа
  • Меѓународни односи
  • Конференции
  • Годишна награда
  • Финансиска едукација
  • Музеј
  • Библиотека и архив
  • Кариера во Народната банка
  • Донации
  • A+
  • A-

{{Title}}

{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}} {{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}} {{/each}}
{{#each Images}} {{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}} {{/each}}
{{/hasElements}}

ИНФЛАЦИЈА

 

КУРСНА ЛИСТА

Држава

Единицa валута

Среден курс во денари

EUR

Повеќе

КУРСНА ЛИСТА

за период: -

Држава Шифра Единицa валута Куповен курс во денари Среден курс во денари Среден курс во денари Продажен курс во денари

ОСНОВНИ КАМАТНИ СТАПКИ НА НАРОДНАТА БАНКА

Инструмент
Каматна стапка
Благајнички записи 

5,35%

Расположлив кредит преку ноќ
5,85%
Расположлив депозит преку ноќ
3,95%

Расположлив депозит на седум дена

4,00%

  
Промени на основната каматна стапка

Стапки на задолжителната резерва на банки

Обврски со договорна рочност до 2 години:
во домашна валута
8,0%
во домашна валута со валутна клаузула
100%
во странска валута
21%
Обврски со договорна рочност над 2 години: 

во домашна валута
0%
во домашна валута со валутна клаузула
100%
во странска валута
5%
 


Операции на финансиските пазари

Аукции на благајнички записи
Аукции на државни хартии од вредност
Аукции на репо трансакции


Референтна стапка за пресметување на стапката на казнената камата

5,55% 

  

5,55

Каматни стапки на денарски депозити без валутна клаузула

2,73% 

СКИБОР

Сите права задржани © 2017

Почитувани, доколку имате проблем со пристапување до веќе објавените податоци, ве молиме обратете се на телефонот за техничка поддршка: 3108 206. За останатите потреби телефонска централа 3108 108 | (контакт).

Народна банка на Република Северна Македонија
Следете нѐ

  • почетна
  • контакт
  • веб мапа
  • веб инфо
  • корисни врски
  • политика за приватност
  • политика за колачиња
  • ЧПП
  • ново на социјалните мрежи
  • огласи за продажба на имот/отстранување отпад