достапно само на англиски јазик
Автори: Билјана Јовановиќ и Марко Јосимовски
Монетарната политика и ефектите врз инфлацијата на одделните доходовни групи: случајот на Северна Македонија
достапно само на англиски јазик
Целта на трудот е анализа на ефектите од промените во поставеноста на монетарната политика врз инфлацијата специфична за различни доходовни групи на домаќинства, според структурата на нивната потрошувачка. Анализата покажа дека цените својствени за високо-доходовните домаќинства се генерално поригидни и помалку волатилни споредено со цените својствени за средно и ниско-доходовните групи на домаќинства. Ваквиот наод упатува на можност промените во поставеноста во монетарната политика да имаат различно влијание врз стапките на инфлација својствени за секоја од одделните доходовни групи на домаќинства. Имајќи го ова предвид, во вториот дел од истражувањето анализирани се ефектите од шок во монетарната политика врз стапките на инфлација на одделните доходовни групи на домаќинства преку користење на модел на векторска авторегресија со фактори (Factor-Augmented Vector Autoregression Model) и мал структурен модел. Според резултатите, цените на домаќинствата со низок доход се најчувствителни на шок од монетарната политика, додека цените на домаќинствата со највисок доход се најмалку чувствителни на шокот. Сепак, анализата покажа дека разликите во стапките на инфлација по доходовни групи се многу мали, што пак упатува на отсуство на позначајни асиметрични ефекти од промените во монетарната политика во случајот на македонската економија.
Ставовите изложени во авторските материјали се на авторите и не мора да соодветствуваат со ставовите на Народната банка. Ве молиме, при користењето на материјалите соодветно да се цитира изворот/авторите на трудот.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}