Автори: Тања Јакимова, Милан Елисковски и Артина Беџети-Бафтијари
Евроизација кај домаќинствата во Република Северна Македонија: Дали е блиску или далеку од оптималните нивоа?
достапно само на англиски јазик
Во трудот се издвојуваат главните двигатели на евроизацијата на депозитите на домаќинствата во домашната економија, обезбедувајќи емпириска оценка за оптималното ниво на евроизација, по примерот на студија на ММФ за ова прашање. Имено, секторот на домаќинствата поседува најголем дел од депозитите во домашните банки, поради што има значителен удел во севкупната евроизација во економијата. Во трудот е употребен модел на векторска корекција на грешките (VECM) за истражување на факторите коишто ја условуваат евроизацијата на домаќинствата, при што е утврдена позитивна врска со приватните трансфери, надоместоците на вработените и монетарните инструменти, а негативна врска со реалниот БДП по глава на жител. Резултатите коишто се однесуваат на проценетите коефициенти се во согласност со очекуваниот ефект. Воедно, со анализата е утврдено дека евроизацијата кај домаќинствата веќе подолго време од анализираниот период се движи во рамките на оптималното ниво. Во иднина, макроекономската стабилност обезбедена преку политиките и мерките насочени кон јакнење на употребата на домашната валута можат дополнително да ја поддржат деевроизацијата на економијата.
Ставовите изложени во авторските материјали се на авторите и не мора да соодветствуваат со ставовите на Народната банка. Ве молиме, при користењето на материјалите соодветно да се цитира изворот/авторите на трудот.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}