Што се колачиња?

На нашата веб-страница користиме колачиња. Колачето претставува мала датотека којашто се состои од букви и бројки што се запишуваат на Вашиот компјутер. Колачињата не зачувуваат лични податоци, како што се Вашето име или адреса. Кога следниот пат ќе ја посетите нашата страница, колачињата ни дозволуваат да го препознаеме Вашиот пребарувач. Колачињата може да ги зачувуваат Вашите преференции и други информации, но не можат да ги читаат Вашите податоци или информации од Вашиот тврд диск или, пак, да читаат други зачувани датотеки за колачиња од други страници. Може да го наместите Вашиот веб-прелистувач да ги одбива колачињата, за што може подетално да се информирате преку нашата Политика за колачиња

Политиката за колачиња
logo
  • МК
  • EN
  • AL
  • За Народната банка
    • Поставеност, овластувања и организација на Народната банка
    • Органи на Народната банка
    • Совет на Народната банка
      • Седници на Советот
      • Начин на работа на Советот на Народната банка
    • Извршен одбор
    • Гувернер
    • Вицегувернери
    • Комитети
    • Корпоративно управување
    • Цели и задачи
    • Транспарентност
    • Односи со јавноста
      • Соопштенија за печат
        • 2025
        • 2024
        • 2023
        • 2022
        • 2021
        • 2020
        • 2019
        • 2018
        • 2017
        • 2016
        • 2015
        • 2014
        • 2013
      • Говори
      • Интервјуа
      • Известувања
        • 2025
        • 2024
        • 2023
        • 2022
        • 2021
        • 2020
      • Слободен пристап до информации од јавен карактер
      • Овластено лице за прием на пријави од укажувачи
      • Офицер за заштита на личните податоци
      • Соработка
    • Организациска шема
    • Стратегија
    • Програма за работа
    • Меѓународни односи
      • Односи со ЕУ
        • Претпристапна помош
          • Соопштенија
          • Презентации и говори
        • Билтени за проекти
      • Односи со меѓународни финансиски институциии
      • Техничка соработка
    • Конференции
      • Конференција на високо ниво
      • Деветта меѓународна истражувачка конференција
        • Фотогалерија
      • 15. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура
      • Vienna Initiative – Full Forum (22-24 March 2023), Skopje
        • Соопштенија
        • Фотогалерија
      • 14. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура
      • Осма меѓународна истражувачка конференција
      • Јубилеј 30 години монетарна самостојност
      • Работилница: Најдобрите практики за управување со човечките ресурси во банкарскиот систем во Република Северна Македонија, 10-11 ноември 2021 година
      • Виртуелна регионална работилница за статистика во организација на Народната банка на Република Северна Македонија, 11 декември 2020 година
      • 11-та Конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура
      • Седма меѓународна истражувачка конференција
      • Меѓународна конференција на високо ниво за монетарна политика и управување со финансиски средства (Мериот Хотел Скопје), 16. Февруари 2018 година
      • Десетта јубилејна конференција за плaќања и пазарна инфраструктура
      • Свечено одбележување на јубилејот по повод 25 години од монетарното осамостојување на Република Македонија
      • Шеста меѓународна истражувачка конференција
      • Петта меѓународна истражувачка конференција
      • Работната група на БИС за Монетарната политика во Централна и Источна Европа
      • Прв регионален форум на Источна Европа и Централна Азија за финансиска вклученост
      • Четврта меѓународна истражувачка конференција: "Справување со структурните ригидности во контекст на ефективноста на трансмисијата на монетарната политика"
      • Трета регионална конференција за финансиска едукација за Европа и Централна Азија
      • Трета меѓународна истражувачка конференција: "На патот кон заздравување и одржлив раст во променетото глобално окружување"
      • Втора меѓународна истражувачка конференција на тема: "Поставеноста на политиките и глобалното опкружување: нов консензус од кризата?"
      • Конференција по повод на одбележувањето 20 години од монетарното осамостојување на Република Македонија
      • Отворање на заеднички Јавен информативен центар на Светска банка и НБРМ
      • 23 Годишна конференција на Групацијата на банкарски супервизори од централна и источна Европа (БСЦИЕ)
      • Конференција: Конкурентноста на земјите на Југоисточна Европа и предизвиците на патот кон ЕУ
      • Работилница: Цените на храната и инфлацијата
      • Работилница: Проблеми во мерењето на инфлацијата
      • Работилница на тема: Енергетска потрошувачка во РМ и нејзиниот ефект врз билансот на плаќања
      • Јубилеј 60 години Централно - банкарски активности во Република Македонија
      • Работилница: Високото ниво на готовите пари во оптек во Република Македонија
    • Годишна награда
    • Финансиска едукација
    • Музеј
    • Библиотека и архив
    • Кариера во Народната банка
      • Народната банка како работодавач
      • Вработување во Народната банка
      • Практична работа во Народната банка
    • Донации
  • Монетарна политика
    • Поставеност на монетарната политика
    • Извршен одбор за монетарната политика
    • Спроведување на монетарната политика
      • Операции на отворениот пазар
        • Аукции на благајнички записи
        • Аукции на репо-трансакции
        • Дефинитивни трансакции
      • Задолжителна резерва
      • Расположливи депозити
      • Расположлив кредит преку ноќ
      • Интрадневен кредит
      • Ликвидносна состојба на банкарскиот систем
    • Промени на основната каматна стапка на Народната банка
  • Финансиски пазари
    • Аукции на благајнички записи
    • Меѓубанкарски пазар на депозити
      • Меѓубанкарска каматна стапка на пазар на депозити-СКИБОР (Skopje Interbank Offered Rate)
      • Меѓубанкарска каматна стапка на пазар на депозити-МКДОНИА (Macedonian Denar Overnight Index Average)
      • Тргување на меѓубанкарски пазар на депозити
    • Аукции на државни хартии од вредност
    • Девизен пазар
    • Секундарен пазар со хартии од вредност
    • Информации од меѓународните финансиски пазари
  • Финансиска стабилност
    • Што е финансиската стабилност и како се одржува?
    • Финансискиот систем во Република Северна Македонија
    • Податоци и показатели
      • Показатели за финансиската стабилност
      • Податоци и показатели за банкарскиот систем на Република Северна Македонија
      • Преглед на зелени показатели
      • Календар на објавување на податоци за банкарскиот систем на Република Северна Македонија
    • Поставеност на макропрудентната политика во Република Северна Македонија
      • Соопштенија од Комитетот за финансиска стабилност
      • Стратегија за спроведување на макропрудентната политика во Република Северна Македонија
      • Извештаи за Комитетот за финансиска стабилност
    • Дефиниција, опфат и цели на макропрудентната политика во Република Северна Македонија
    • Улогата на Народната банка
    • Макропрудентни инструменти на Народната банка
      • Заштитни слоеви на капиталот
      • Мерки насочени кон кредитокорисниците
      • Други макропрудентни инструменти
      • Одлуки за поставеноста на макропрудентните инструменти на Народната банка
      • Макропрудентни извештаи
    • Публикации
      • Извештаи за финансиската стабилност
      • Извештаи за банкарскиот систем на Република Северна Македонија
      • Анкетни истражувања
      • Анализи и работни материјали
      • Обрасци
    • Стрес-тестирање на банкарскиот сектор
  • Супервизија
    • Банкарска супервизија и регулатива
    • Законска регулатива
      • Лиценцирање
      • Адекватност на капиталот
      • Кредитен ризик
      • Ликвидносен ризик
      • Валутен ризик
      • Останати ризици
      • Супервизија и надзор
      • Сметководство, финансиски извештаи, објавување и ревизија
      • Заштита на потрошувачи при договори за потрошувачки кредити
      • Кредитен регистар
      • Останата регулатива
      • Супервизорски циркулари
      • Нацрт регулатива
        • Предлог регулатива за доставување податоци во системот ИСИДОРА
    • Банкарски систем на Северна Македонија
    • Организациона структура на супервизијата
    • Прашања и одговори
    • Прашања и одговори од девизното работење
    • Спречување перење пари и финансирање на тероризам
      • Стратешки документи
      • Закон и подзаконски акти за спречување перење пари и финансирање на тероризам
        • Закон за СППФТ
        • Подзаконски акти на Народната банка
      • Меѓународни организации и национални институции
      • Меѓународни стандарди
      • Презентации
  • Платни системи и платежните услуги
    • Македонска платежна инфраструктура
    • Улогата на Народната банка во платните системи
      • Надзорна улога
      • Стандарди за работа на платните системи
    • Регулатива за платните системи и платежните услуги
    • Платежни институции, институции за електронски пари и оператори на платни системи
      • Издавање дозволи
      • Регистри
    • Платежна статистика
    • Конференции, новости и публикации
    • Национален совет за платните системи
    • Порта за иновации
    • Споредете ги надоместоците за платежните услуги
  • Македонски пари
    • Книжни пари во оптек
    • Ковани пари во оптек
    • Ковани пари за колекционерски цели
    • Дизајн на новите полимерни пари
    • Листа на успешно тестирани машини
  • Статистика
    • Програма за статистички истражувања 2023 - 2027
    • Календар на објавување на податоци
    • Билтени
    • Монетарна статистика и статистика на каматните стапки
      • Монетарна статистика
      • Статистика на каматните стапки
    • Екстерни статистики
      • Платен биланс
      • Oфицијални девизни резерви и девизна ликвидност
      • Меѓународна инвестициска позиција
      • Директни инвестиции
        • Директни инвестиции - Движења
        • Директни инвестиции - Состојби
      • Портфолио инвестиции (КППИ)
      • Надворешно-трговска размена
      • Надворешен долг
      • Eфективен девизен курс (РЕДК)
    • Финансиски сметки
      • Статистика на финансиските сметки
      • Должнички хартии од вредност
    • СДДС Плус - Специјален систем за дисеминација на податоци плус
    • Основни економски показатели и цени на недвижности
    • Известувањa за потребите на статистиката
    • Соопштенија за печат
    • НБСтат - Статистички веб портал
  • Публикации
    • Годишни извештаи
      • 2024
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
      • 2012
      • 2011
      • 2010
      • 2009
      • 2008
      • 2007
      • 2006
      • 2005
      • 2004
      • 2003
      • 2002
      • 2001
      • 2000
      • 1999
      • 1998
      • 1997
      • 1996
      • 1995
      • 1994
      • 1993
      • 1992
    • Најнови макроекономски показатели
      • 2025
      • 2024
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
    • Квартални извештаи
      • 2025
      • 2024
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
      • 2012
      • 2011
      • 2010
      • 2009
      • 2008
      • 2007
      • 2006
      • 2005
      • 2004
    • Квартални извештаи за банкарскиот систем
      • 2024
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
      • 2012
      • 2011
    • Полугодишни извештаи (до 2010)
      • 2010
      • 2009
      • 2008
    • Анкетни истражувања
      • Aнкета за кредитна активност
        • 2025
        • 2024
        • 2023
        • 2022
        • 2021
        • 2020
        • 2019
        • 2018
        • 2017
        • 2016
        • 2015
      • Анкета за инфлациските очекувања (до јули 2017 година)
        • 2017
        • 2016
        • 2015
        • 2014
        • 2013
      • Анкета за инфлациските очекувања и очекувањата за движењето на реалниот БДП
        • 2025
        • 2024
        • 2023
        • 2022
        • 2021
        • 2020
        • 2019
        • 2018
        • 2017
    • Извештај за финансиска состојба на Народната банка
      • 2025
      • 2024
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
      • 2012
      • 2011
      • 2010
    • Истражување
      • Работни материјали
      • Анализи
      • Економски истражувања (2001-2004)
      • Клуб на истражувачи
        • 1 сесија 01.07.2011
        • 2 сесија 02.09.2011
        • 3 сесија 02.12.2011
        • 4 сесија 02.03.2012
        • 5 сесија 08.06.2012
        • 6 сесија 14.09.2012
        • 7 сесија 07.12.2013
        • 8 сесија 08.03.2013
        • 9 сесија 07.06.2013
        • 10 сесија 26.09.2013
        • 11 сесија 19.12.2013
        • 12 сесија 13.03.2014
        • 13 сесија 12.06.2014
        • 14 сесија 18.09.2014
        • 15 сесија 11.12.2014
        • 16 сесија 19.03.2015
        • 17 сесија 11.06.2015
        • 18 сесија 17.09.2015
        • 19. сесија 10.12.2015
        • 20. сесија 10.03.2016
        • 21. сесија 9.06.2016
        • 22. сесија 15.09.2016
        • 23. сесија 16.12.2016
        • 24. сесија 02.03.2017
        • 25. сесија 01.06.2017
        • 26. сесија 14.09.2017
        • 27. сесија 07.12.2017
        • 28. сесија 15.3.2018
        • 29. сесија 13.6.2018
        • 30. сесија 26.9.2018
        • 31. сесија 13.12.2018
        • 32. сесија 21.03.2019
        • 33. сесија 26.6.2019
        • 34. сесија 20.9.2019
        • 35. сесија 12.12.2019
        • 36. сесија 17.09.2020
        • 37. сесија 17.12.2020
        • 38. сесија 05.03.2021
        • 39. сесија 01.07.2021
        • 40. сесија 16.09.2021
        • 41. сесија 22.12.2021
        • 42. сесија 31.03.2022
        • 43. сесија 30.06.2022
        • 44. сесија 26.09.2022
        • 45. сесија 23.12.2022
        • 46. сесија 30.03.2023
        • 47. сесија 15.06.2023
        • 48. сесија 21.09.2023
        • 49. сесија 21.12.2023
        • 50. сесија 28.03.2024
        • 51. сесија 27.06.2024
        • 52. сесија 26.09.2024
        • 53. сесија 19.12.2024
        • 54. сесија 27.03.2025
      • Програма за истражувачка дејност
      • Аналитички прилози во кварталните извештаи
      • Збирки на трудови од конференции
      • Разно
    • Библиографии
    • Стратегии
  • Прописи
    • Закони
    • Одлуки
      • Одлуки од областа на операции на финансиските пазари
      • Одлуки од областа на девизното работење
      • Одлуки од областа на платните системи и платежните услуги
      • Одлуки од областа на статистиката
      • Одлуки од областа на трезорско работење
        • Управување со книжни и ковани пари
        • Издавање, пуштање во оптек и повлекување од оптек на книжни и ковани пари
      • Одлуки од областа на решавањето банки
      • Одлуки од областа на супервизијата
      • Одлуки врз основа на Законот за финансиска стабилност
      • Одлуки од областа на сметководството и финансиското известување
      • Одлука за видот и висината на надоместоците за услугите коишто ги дава Народната банка на Република Северна Македонија
      • Одлуки од областа на информатичката технологија
    • Упатства
      • Упатства од областа на операции на финансиските пазари
      • Упатства од областа на девизно работење
      • Упатства од областа на платните системи и платежните услуги
      • Упатства од областа на кредитни работи со нерезиденти
      • Упатства од областа на статистиката
      • Упатства од областа на супервизијата
      • Упатства од областа на трезорско работење
    • Циркулари
    • Регулатива за државни хартии од вредност
      • Примарен пазар на државни хартии од вредност
      • Секундарен пазар на државни хартии од вредност
    • Прописи и документи од монетарното работење во периодот на монетарното осамостојување
    • Интерна регулатива
      • Интерна регулатива од областа на корпоративното управување
  • Решавање банки
    • Решавање
    • Подготвителни активности
    • Инструменти за решавање
    • Минимална стапка на сопствени средства и дозволени обврски (МРЕЛ)
    • Фонд за решавање
    • Вреднување
    • Законска регулатива

Почитувани присутни,

дами и господа,

Задоволство ми е да се обратам на денешниот настан по повод Светскиот ден на штедењето, којшто оваа година се одбележува под мотото „Освој ја својата иднина преку штедењето!“, што јасно ја истакнува важноста на штедењето, како за личната благосостојба на поединецот, така и за економијата во целина.

Нема сомнение дека штедењето е еден од клучните „мотори“ на економскиот раст, а во земјите во развој е важен двигател на доходовната конвергенција. Колку е повисоко домашното штедење, толку се повисоки и можностите за инвестирање и за зголемување на обемот на физички капитал којшто во моментов кај нас (слично како и во целиот регион на Западен Балкан) изнесува само околу 30% од просечниот капитал во ЕУ, јасно нагласувајќи ја потребата од  засилување на инвестицискиот циклус. Но, вообичаено нивото на домашното штедење во помалку развиените економии (како нашата) е помало од инвестициските потреби, а разликата се надополнува преку увоз на странско штедење, вклучително и во форма на странски заеми. Ова, пак, предизвикува раст на надворешното задолжување и зголемување на ранливоста на економиите, особено во сегашните услови на затегнати меѓународни финансиски пазари, како резултат на најсихронизираното и најсилно затегнување на монетарните политики во изминатите 50 години.

Оттаму, нашите напори мора да се насочени кон поттикнување на домашното штедење, но и негово канализирање преку финансискиот систем. Некои анкети покажуваат дека во регионот на Западен Балкан има значаен потенцијал којшто се чува во готовина, надвор од финансискиот систем и оттаму не може да се искористи за економскиот раст. Така, се проценува дека заштедите во девизна готовина на населението во регионот изнесуваат околу 246 евра по глава на жител,  во просек, при што во домашната економија, оваа вредност е повисока и изнесува околу 403 евра по глава на жител во 2021 година[1]. 

Нивото на штедење во една економија е условено од повеќе фундаментални фактори, како што се нивоата на доходот и на потрошувачката, демографските фактори, поставеноста на даночниот систем, на здравствениот и пензискиот систем, макроекономската и политичката стабилност во земјата и слично. Но, честопати произлегува и од делувањето на одредени специфични фактори. Таква исклучителна епизода беше и пандемиjaта, кога во повеќето земји штедењето на домаќинствата се зголеми до невообичаено високи нивоа, во споредба со некои претходни кризни епизоди. Анализите[2], на пример, за еврозоната и американската економија покажуваат дека во периодот 2020 ‒ 2022 година, насобраниот „вишок“ на заштеди е значително зголемен до нивото од 11,3% и 13,2%, соодветно на актуелната вредност на бруто расположливиот доход. Всушност, трошењето на овие заштеди во последователниот период се сметаше за еден од факторите коишто придонесоа за забрзување на инфлацијата, и тоа повеќе во САД отколку во еврозоната, каде што вишокот заштеди беше понизок, најголемиот дел беше насочен кон вложувањата во недвижности, акции и обврзници, a помалку во најликвидните средства, при што најголемиот дел од вишокот беше концентриран кај најимотните 10% од населението, чијашто маргинална склоност за потрошувачка е помала. 

Што се случува со динамиката на штедењето во македонската економија? И кај нас поради пандемијата се создаде „вишок“ на заштеди. Така, финансиската актива на населението се зголеми за 7 п.п. од БДП бележејќи најбрз раст во изминативе две децении. Притоа, најголемиот дел од вишокот заштеди беше пласиран во форма на депозити чиешто учество во БДП во 2020 година се зголеми за 3,3 п.п., што е тројно повеќе од просечниот прираст во претходните неколку години. Сепак, во изминативе неколку години прирастот на депозитите во БДП е намален укажувајќи на постепено намалување на овие вишоци. Ова соодветствува и со случувањата на пазарот на недвижности, при зголемено насочување на депозитите во недвижности, што всушност е глобален постпандемичен феномен. Во прилог на ова е и растот на  бројот на купопродажби на недвижности, којшто според расположливите податоци, во трите години од пандемијата во просек е повисок за околу 35%, во споредба со претпандемичниот период (2017 ‒ 2019).

Низ призмата на номиналните износи, депозитите на домаќинствата во годините од пандемијата наваму се зголемени за повеќе од 20%. Домаќинствата, како традиционално најголеми депоненти во нашите банки, во моментов им имаат доверено на банките 340 милијарди денари, што преставува околу 62% од вкупната финансиска актива на населението. Останатиот позначителен дел од околу 22% се однесува на вложувањата во приватните пензиските фондови, додека на вложувањата во хартии од вредност, удели и полиси за животно осигурување отпаѓаат само 8% од финансиската актива.

Но, она што е особено значајно е тоа што во последниот период кај штедењето на населението се бележат поволни структурни промени, како во однос на  валутната, така и во однос на рочната структура на депозитите. Имено, со појавата на пандемијата и шоковите што се надоврзаа потоа, запре повеќегодишниот тренд на постојана денаризација на депозитите во банките, а од втората половина на 2022 година, учеството на денарските во вкупните депозити на домаќинствата повторно бележи нагорен тренд и во моментов изнесува околу 48%. Во услови на сѐ повисоки приноси и стабилни очекувања, растат и долгорочните депозити на домаќинствата, по подолг период на нивно намалување, со што на крајот на септември 2023 година нивната годишна стапка достигна речиси 24%, што е најдобро остварување во последните речиси десет години. Всушност, и Народната банка презеде повеќе мерки коишто придонесоа за вакви структурни промени, главно преку инструментот задолжителна резерва, со кој се поттикнуваат банките да нудат попривлечни каматни стапки на денарските депозити.

Фактот што депозитите кај банките и штедилниците растат и во услови на висока неизвесност од окружувањето, и покрај мноштвото надворешни шокови, какви што имало можеби само еднаш во изминатите сто години, е потврда за високата доверба којашто ја има населението во банкарскиот систем. Тоа и не е изненадување, имајќи предвид дека системот во целиот период е стабилен, високо капитализиран и ликвиден, покажувајќи голема способност за успешно справување со шокови. Анкета на Австриската централна банка[3] ја издвојува домашната економија меѓу земјите со највисока дoверба во банкарскиот систем од регионот на ЦИЈЕ, којашто според последните мерења заклучно со 2021 година се зголемува и изнесува 40,5% од населението (наспроти 35,5% колку што е просекот за земјите од ЦИЈЕ). Според најновата анкета на Народната банка за оцена на ризиците за финансиската стабилност (од 2023 година), што го испитува мислењето на финансиските институции и економските аналитичари, сите испитаници имаат доверба во финансискиот систем, а најголемиот дел од нив  (61%) изразуваат висока доверба.

Народната банка постојано е посветена на јакнењето на сигурноста и стабилноста на банкарскиот сектор, што било и ќе биде нашата врвна цел и влог во поддршката на штедењето. Оттука, и во изминативе неколку кризни години ја јакневме отпорноста на банкарскиот систем, преку зголемување на капиталните барања, вклучително и преку првото воведување противцикличен заштитен слој на капиталот. Покрај тоа, за првпат воведовме и макропрудентни мерки за квалитетот на кредитната побарувачка, чијашто цел е да се спречи евентуалната превисока задолженост на домаќинствата кога сѐ уште има висока инфлација и кога каматните стапки растат. Важни системски решенија за натамошно јакнење на финансиската стабилност се и неодамна усвоениот Закон за финансиска стабилност и Закон за решавање банки, со коишто се јакнат механизмите за заштита, но и за решавање на сериозните проблеми со кои се соочуваат банките без да се наруши финансиската стабилност. Исто така, со спроведувањето на активностите од првиот Среднорочен план на Народната банка во доменот на управувањето со ризиците поврзани со климатските промени, би се придонесло за подобро разбирање и јакнење на капацитетите, и на централната банка, и на банките, за управување со еден од најважните современи предизвици, а тоа се климатските ризици и за подобрување на потенцијалот на банкарскиот систем за поддршка на преминот кон зелена економија и одржлив развој. Резултатите од овие напори се видливи ‒ во изминативе пет години обемот на капитал на банкарскиот систем е удвоен, стапката на адекватност на капиталот е највисока во изминативе 15 години, квалитетот на капиталот е највисок, а учеството на нефункционалните кредити е историски најниско.

Почитувани,

Живееме во несигурни времиња, кога кризите станаа секојдневие, а неизвесноста „новата нормалност“. Оваа нова реалност уште повеќе ја нагласува потребата за долгорочен, наместо краткорочен поглед, и јакнење на отпорноста на можни идни шокови, вклучително преку јакнење на домашното штедење за подобра и посигурна иднина. Како што кажал Езоп: „Со штедливоста денес се подготвуваме за утре“.

Нека ни е честит Светскиот ден на штедењето!

Ви благодарам!    

  



[1] Извор: OeNB Euro Survey.

[2] The consumption impulse from pandemic savings – does the composition matter?, ECB Economic Bulletin , Issue 4/2023.

[3] OeNB Euro Survey.

Почетна За Народната банка Односи со јавноста Говори Анита Ангеловска-Бежоска (2018-)
  • Поставеност, овластувања и организација на Народната банка
  • Органи на Народната банка
  • Совет на Народната банка
  • Извршен одбор
  • Гувернер
  • Вицегувернери
  • Комитети
  • Корпоративно управување
  • Цели и задачи
  • Транспарентност
  • Односи со јавноста
    • Соопштенија за печат
    • Говори
    • Интервјуа
    • Известувања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Овластено лице за прием на пријави од укажувачи
    • Офицер за заштита на личните податоци
    • Соработка
  • Организациска шема
  • Стратегија
  • Програма за работа
  • Меѓународни односи
  • Конференции
  • Годишна награда
  • Финансиска едукација
  • Музеј
  • Библиотека и архив
  • Кариера во Народната банка
  • Донации
  • A+
  • A-

{{Title}}

{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}} {{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}} {{/each}}
{{#each Images}} {{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}} {{/each}}
{{/hasElements}}

ИНФЛАЦИЈА

 

КУРСНА ЛИСТА

Држава

Единицa валута

Среден курс во денари

EUR

Повеќе

КУРСНА ЛИСТА

за период: -

Држава Шифра Единицa валута Куповен курс во денари Среден курс во денари Среден курс во денари Продажен курс во денари

ОСНОВНИ КАМАТНИ СТАПКИ НА НАРОДНАТА БАНКА

Инструмент
Каматна стапка
Благајнички записи 

5,35%

Расположлив кредит преку ноќ
5,85%
Расположлив депозит преку ноќ
3,95%

Расположлив депозит на седум дена

4,00%

  
Промени на основната каматна стапка

Стапки на задолжителната резерва на банки

Обврски со договорна рочност до 2 години:
во домашна валута
8,0%
во домашна валута со валутна клаузула
100%
во странска валута
21%
Обврски со договорна рочност над 2 години: 

во домашна валута
0%
во домашна валута со валутна клаузула
100%
во странска валута
5%
 


Операции на финансиските пазари

Аукции на благајнички записи
Аукции на државни хартии од вредност
Аукции на репо трансакции


Референтна стапка за пресметување на стапката на казнената камата

5,55% 

  

5,55

Каматни стапки на денарски депозити без валутна клаузула

2,73% 

СКИБОР

Сите права задржани © 2017

Почитувани, доколку имате проблем со пристапување до веќе објавените податоци, ве молиме обратете се на телефонот за техничка поддршка: 3108 206. За останатите потреби телефонска централа 3108 108 | (контакт).

Народна банка на Република Северна Македонија
Следете нѐ

  • почетна
  • контакт
  • веб мапа
  • веб инфо
  • корисни врски
  • политика за приватност
  • политика за колачиња
  • ЧПП
  • ново на социјалните мрежи
  • огласи за продажба на имот/отстранување отпад