Што се колачиња?

На нашата веб-страница користиме колачиња. Колачето претставува мала датотека којашто се состои од букви и бројки што се запишуваат на Вашиот компјутер. Колачињата не зачувуваат лични податоци, како што се Вашето име или адреса. Кога следниот пат ќе ја посетите нашата страница, колачињата ни дозволуваат да го препознаеме Вашиот пребарувач. Колачињата може да ги зачувуваат Вашите преференции и други информации, но не можат да ги читаат Вашите податоци или информации од Вашиот тврд диск или, пак, да читаат други зачувани датотеки за колачиња од други страници. Може да го наместите Вашиот веб-прелистувач да ги одбива колачињата, за што може подетално да се информирате преку нашата Политика за колачиња

Политиката за колачиња
logo
  • МК
  • EN
  • AL
  • За Народната банка
    • Поставеност, овластувања и организација на Народната банка
    • Органи на Народната банка
    • Совет на Народната банка
      • Седници на Советот
      • Начин на работа на Советот на Народната банка
    • Извршен одбор
    • Гувернер
    • Вицегувернери
    • Комитети
    • Корпоративно управување
    • Цели и задачи
    • Транспарентност
    • Односи со јавноста
      • Соопштенија за печат
        • 2025
        • 2024
        • 2023
        • 2022
        • 2021
        • 2020
        • 2019
        • 2018
        • 2017
        • 2016
        • 2015
        • 2014
        • 2013
      • Говори
      • Интервјуа
      • Известувања
        • 2025
        • 2024
        • 2023
        • 2022
        • 2021
        • 2020
      • Слободен пристап до информации од јавен карактер
      • Овластено лице за прием на пријави од укажувачи
      • Офицер за заштита на личните податоци
      • Соработка
    • Организациска шема
    • Стратегија
    • Програма за работа
    • Меѓународни односи
      • Односи со ЕУ
        • Претпристапна помош
          • Соопштенија
          • Презентации и говори
        • Билтени за проекти
      • Односи со меѓународни финансиски институциии
      • Техничка соработка
    • Конференции
      • Конференција на високо ниво
      • Деветта меѓународна истражувачка конференција
        • Фотогалерија
      • 15. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура
      • Vienna Initiative – Full Forum (22-24 March 2023), Skopje
        • Соопштенија
        • Фотогалерија
      • 14. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура
      • Осма меѓународна истражувачка конференција
      • Јубилеј 30 години монетарна самостојност
      • Работилница: Најдобрите практики за управување со човечките ресурси во банкарскиот систем во Република Северна Македонија, 10-11 ноември 2021 година
      • Виртуелна регионална работилница за статистика во организација на Народната банка на Република Северна Македонија, 11 декември 2020 година
      • 11-та Конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура
      • Седма меѓународна истражувачка конференција
      • Меѓународна конференција на високо ниво за монетарна политика и управување со финансиски средства (Мериот Хотел Скопје), 16. Февруари 2018 година
      • Десетта јубилејна конференција за плaќања и пазарна инфраструктура
      • Свечено одбележување на јубилејот по повод 25 години од монетарното осамостојување на Република Македонија
      • Шеста меѓународна истражувачка конференција
      • Петта меѓународна истражувачка конференција
      • Работната група на БИС за Монетарната политика во Централна и Источна Европа
      • Прв регионален форум на Источна Европа и Централна Азија за финансиска вклученост
      • Четврта меѓународна истражувачка конференција: "Справување со структурните ригидности во контекст на ефективноста на трансмисијата на монетарната политика"
      • Трета регионална конференција за финансиска едукација за Европа и Централна Азија
      • Трета меѓународна истражувачка конференција: "На патот кон заздравување и одржлив раст во променетото глобално окружување"
      • Втора меѓународна истражувачка конференција на тема: "Поставеноста на политиките и глобалното опкружување: нов консензус од кризата?"
      • Конференција по повод на одбележувањето 20 години од монетарното осамостојување на Република Македонија
      • Отворање на заеднички Јавен информативен центар на Светска банка и НБРМ
      • 23 Годишна конференција на Групацијата на банкарски супервизори од централна и источна Европа (БСЦИЕ)
      • Конференција: Конкурентноста на земјите на Југоисточна Европа и предизвиците на патот кон ЕУ
      • Работилница: Цените на храната и инфлацијата
      • Работилница: Проблеми во мерењето на инфлацијата
      • Работилница на тема: Енергетска потрошувачка во РМ и нејзиниот ефект врз билансот на плаќања
      • Јубилеј 60 години Централно - банкарски активности во Република Македонија
      • Работилница: Високото ниво на готовите пари во оптек во Република Македонија
    • Годишна награда
    • Финансиска едукација
    • Музеј
    • Библиотека и архив
    • Кариера во Народната банка
      • Народната банка како работодавач
      • Вработување во Народната банка
      • Практична работа во Народната банка
    • Донации
  • Монетарна политика
    • Поставеност на монетарната политика
    • Извршен одбор за монетарната политика
    • Спроведување на монетарната политика
      • Операции на отворениот пазар
        • Аукции на благајнички записи
        • Аукции на репо-трансакции
        • Дефинитивни трансакции
      • Задолжителна резерва
      • Расположливи депозити
      • Расположлив кредит преку ноќ
      • Интрадневен кредит
      • Ликвидносна состојба на банкарскиот систем
    • Промени на основната каматна стапка на Народната банка
  • Финансиски пазари
    • Аукции на благајнички записи
    • Меѓубанкарски пазар на депозити
      • Меѓубанкарска каматна стапка на пазар на депозити-СКИБОР (Skopje Interbank Offered Rate)
      • Меѓубанкарска каматна стапка на пазар на депозити-МКДОНИА (Macedonian Denar Overnight Index Average)
      • Тргување на меѓубанкарски пазар на депозити
    • Аукции на државни хартии од вредност
    • Девизен пазар
    • Секундарен пазар со хартии од вредност
    • Информации од меѓународните финансиски пазари
  • Финансиска стабилност
    • Што е финансиската стабилност и како се одржува?
    • Финансискиот систем во Република Северна Македонија
    • Податоци и показатели
      • Показатели за финансиската стабилност
      • Податоци и показатели за банкарскиот систем на Република Северна Македонија
      • Преглед на зелени показатели
      • Календар на објавување на податоци за банкарскиот систем на Република Северна Македонија
    • Поставеност на макропрудентната политика во Република Северна Македонија
      • Соопштенија од Комитетот за финансиска стабилност
      • Стратегија за спроведување на макропрудентната политика во Република Северна Македонија
      • Извештаи за Комитетот за финансиска стабилност
    • Дефиниција, опфат и цели на макропрудентната политика во Република Северна Македонија
    • Улогата на Народната банка
    • Макропрудентни инструменти на Народната банка
      • Заштитни слоеви на капиталот
      • Мерки насочени кон кредитокорисниците
      • Други макропрудентни инструменти
      • Одлуки за поставеноста на макропрудентните инструменти на Народната банка
      • Макропрудентни извештаи
    • Публикации
      • Извештаи за финансиската стабилност
      • Извештаи за банкарскиот систем на Република Северна Македонија
      • Анкетни истражувања
      • Анализи и работни материјали
      • Обрасци
    • Стрес-тестирање на банкарскиот сектор
  • Супервизија
    • Банкарска супервизија и регулатива
    • Законска регулатива
      • Лиценцирање
      • Адекватност на капиталот
      • Кредитен ризик
      • Ликвидносен ризик
      • Валутен ризик
      • Останати ризици
      • Супервизија и надзор
      • Сметководство, финансиски извештаи, објавување и ревизија
      • Заштита на потрошувачи при договори за потрошувачки кредити
      • Кредитен регистар
      • Останата регулатива
      • Супервизорски циркулари
      • Нацрт регулатива
        • Предлог регулатива за доставување податоци во системот ИСИДОРА
    • Банкарски систем на Северна Македонија
    • Организациона структура на супервизијата
    • Прашања и одговори
    • Прашања и одговори од девизното работење
    • Спречување перење пари и финансирање на тероризам
      • Стратешки документи
      • Закон и подзаконски акти за спречување перење пари и финансирање на тероризам
        • Закон за СППФТ
        • Подзаконски акти на Народната банка
      • Меѓународни организации и национални институции
      • Меѓународни стандарди
      • Презентации
  • Платни системи и платежните услуги
    • Македонска платежна инфраструктура
    • Улогата на Народната банка во платните системи
      • Надзорна улога
      • Стандарди за работа на платните системи
    • Регулатива за платните системи и платежните услуги
    • Платежни институции, институции за електронски пари и оператори на платни системи
      • Издавање дозволи
      • Регистри
    • Платежна статистика
    • Конференции, новости и публикации
    • Национален совет за платните системи
    • Порта за иновации
    • Споредете ги надоместоците за платежните услуги
  • Македонски пари
    • Книжни пари во оптек
    • Ковани пари во оптек
    • Ковани пари за колекционерски цели
    • Дизајн на новите полимерни пари
    • Листа на успешно тестирани машини
  • Статистика
    • Програма за статистички истражувања 2023 - 2027
    • Календар на објавување на податоци
    • Билтени
    • Монетарна статистика и статистика на каматните стапки
      • Монетарна статистика
      • Статистика на каматните стапки
    • Екстерни статистики
      • Платен биланс
      • Oфицијални девизни резерви и девизна ликвидност
      • Меѓународна инвестициска позиција
      • Директни инвестиции
        • Директни инвестиции - Движења
        • Директни инвестиции - Состојби
      • Портфолио инвестиции (КППИ)
      • Надворешно-трговска размена
      • Надворешен долг
      • Eфективен девизен курс (РЕДК)
    • Финансиски сметки
      • Статистика на финансиските сметки
      • Должнички хартии од вредност
    • СДДС Плус - Специјален систем за дисеминација на податоци плус
    • Основни економски показатели и цени на недвижности
    • Известувањa за потребите на статистиката
    • Соопштенија за печат
    • НБСтат - Статистички веб портал
  • Публикации
    • Годишни извештаи
      • 2024
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
      • 2012
      • 2011
      • 2010
      • 2009
      • 2008
      • 2007
      • 2006
      • 2005
      • 2004
      • 2003
      • 2002
      • 2001
      • 2000
      • 1999
      • 1998
      • 1997
      • 1996
      • 1995
      • 1994
      • 1993
      • 1992
    • Најнови макроекономски показатели
      • 2025
      • 2024
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
    • Квартални извештаи
      • 2025
      • 2024
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
      • 2012
      • 2011
      • 2010
      • 2009
      • 2008
      • 2007
      • 2006
      • 2005
      • 2004
    • Квартални извештаи за банкарскиот систем
      • 2024
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
      • 2012
      • 2011
    • Полугодишни извештаи (до 2010)
      • 2010
      • 2009
      • 2008
    • Анкетни истражувања
      • Aнкета за кредитна активност
        • 2025
        • 2024
        • 2023
        • 2022
        • 2021
        • 2020
        • 2019
        • 2018
        • 2017
        • 2016
        • 2015
      • Анкета за инфлациските очекувања (до јули 2017 година)
        • 2017
        • 2016
        • 2015
        • 2014
        • 2013
      • Анкета за инфлациските очекувања и очекувањата за движењето на реалниот БДП
        • 2025
        • 2024
        • 2023
        • 2022
        • 2021
        • 2020
        • 2019
        • 2018
        • 2017
    • Извештај за финансиска состојба на Народната банка
      • 2025
      • 2024
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
      • 2012
      • 2011
      • 2010
    • Истражување
      • Работни материјали
      • Анализи
      • Економски истражувања (2001-2004)
      • Клуб на истражувачи
        • 1 сесија 01.07.2011
        • 2 сесија 02.09.2011
        • 3 сесија 02.12.2011
        • 4 сесија 02.03.2012
        • 5 сесија 08.06.2012
        • 6 сесија 14.09.2012
        • 7 сесија 07.12.2013
        • 8 сесија 08.03.2013
        • 9 сесија 07.06.2013
        • 10 сесија 26.09.2013
        • 11 сесија 19.12.2013
        • 12 сесија 13.03.2014
        • 13 сесија 12.06.2014
        • 14 сесија 18.09.2014
        • 15 сесија 11.12.2014
        • 16 сесија 19.03.2015
        • 17 сесија 11.06.2015
        • 18 сесија 17.09.2015
        • 19. сесија 10.12.2015
        • 20. сесија 10.03.2016
        • 21. сесија 9.06.2016
        • 22. сесија 15.09.2016
        • 23. сесија 16.12.2016
        • 24. сесија 02.03.2017
        • 25. сесија 01.06.2017
        • 26. сесија 14.09.2017
        • 27. сесија 07.12.2017
        • 28. сесија 15.3.2018
        • 29. сесија 13.6.2018
        • 30. сесија 26.9.2018
        • 31. сесија 13.12.2018
        • 32. сесија 21.03.2019
        • 33. сесија 26.6.2019
        • 34. сесија 20.9.2019
        • 35. сесија 12.12.2019
        • 36. сесија 17.09.2020
        • 37. сесија 17.12.2020
        • 38. сесија 05.03.2021
        • 39. сесија 01.07.2021
        • 40. сесија 16.09.2021
        • 41. сесија 22.12.2021
        • 42. сесија 31.03.2022
        • 43. сесија 30.06.2022
        • 44. сесија 26.09.2022
        • 45. сесија 23.12.2022
        • 46. сесија 30.03.2023
        • 47. сесија 15.06.2023
        • 48. сесија 21.09.2023
        • 49. сесија 21.12.2023
        • 50. сесија 28.03.2024
        • 51. сесија 27.06.2024
        • 52. сесија 26.09.2024
        • 53. сесија 19.12.2024
        • 54. сесија 27.03.2025
      • Програма за истражувачка дејност
      • Аналитички прилози во кварталните извештаи
      • Збирки на трудови од конференции
      • Разно
    • Библиографии
    • Стратегии
  • Прописи
    • Закони
    • Одлуки
      • Одлуки од областа на операции на финансиските пазари
      • Одлуки од областа на девизното работење
      • Одлуки од областа на платните системи и платежните услуги
      • Одлуки од областа на статистиката
      • Одлуки од областа на трезорско работење
        • Управување со книжни и ковани пари
        • Издавање, пуштање во оптек и повлекување од оптек на книжни и ковани пари
      • Одлуки од областа на решавањето банки
      • Одлуки од областа на супервизијата
      • Одлуки врз основа на Законот за финансиска стабилност
      • Одлуки од областа на сметководството и финансиското известување
      • Одлука за видот и висината на надоместоците за услугите коишто ги дава Народната банка на Република Северна Македонија
      • Одлуки од областа на информатичката технологија
    • Упатства
      • Упатства од областа на операции на финансиските пазари
      • Упатства од областа на девизно работење
      • Упатства од областа на платните системи и платежните услуги
      • Упатства од областа на кредитни работи со нерезиденти
      • Упатства од областа на статистиката
      • Упатства од областа на супервизијата
      • Упатства од областа на трезорско работење
    • Циркулари
    • Регулатива за државни хартии од вредност
      • Примарен пазар на државни хартии од вредност
      • Секундарен пазар на државни хартии од вредност
    • Прописи и документи од монетарното работење во периодот на монетарното осамостојување
    • Интерна регулатива
      • Интерна регулатива од областа на корпоративното управување
  • Решавање банки
    • Решавање
    • Подготвителни активности
    • Инструменти за решавање
    • Минимална стапка на сопствени средства и дозволени обврски (МРЕЛ)
    • Фонд за решавање
    • Вреднување
    • Законска регулатива

Почитувани,

Ми претставува особена чест и задоволство што можам да ви се обратам на овој настан, којшто е посветен на една многу важна димензија во животот на секоја индивидуа, а тоа е свесноста за сопствената улога којашто ја имаме во создавањето на нашата пензиска иднина. Сепак, денес би сакала да се осврнам на еден поширок концепт, во кој несомнено припаѓа и ова прашање, а тоа е прашањето на финансиската писменост – зошто е важна за секој од нас, какво е нивото на финансиска писменост, дали се потребни и дали се вложуваат напори и се конципираат политики за поголема финансиска едукација?

Повеќе од јасно е дека без разбирање на основните економски и финансиски концепти луѓето не можат да носат добри финансиски одлуки, или поинаку кажано, немаат способност да прават правилен избор во однос на штедењето, инвестирањето, задолжувањето. Финансиското „незнаење“ може да наметне големи трошоци и тоа не само за одделни индивидуи, туку и за економиите во целина. Големата економска криза јасно укажа на недоволната финансиска едукација како од еден од факторите кои придонесоа за креирање на  кредитниот меур, кој потоа распрсна со долгорочни последици врз глобалната економија. Разбирањето, пак, на клучните финансиски концепти овозможува свесност, подобра диверзификација на ризикот и наоѓање подобри и (што е многу важно) одржливи инвестициски алтернативи.

Всушност, во контекст на современите трендови, значењето на финансиската  едукација постојано расте. Како што е нотирано во извештајот на ОЕЦД „постојаната еволуција на финансиската, економската, демографската конфигурација, како и на политиките, сѐ повеќе ги пренесува ризиците на одделните индивидуи и со тоа  финансиската писменост ја претвора во една од клучните животни вештини во модерните општества” (ОЕЦД, 2016). Поконкретно, кои се тие поголеми промени, коишто ја зголемуваат тежината на финансиската писменост? Би издвоила неколку главни концепти.

Прво, тоа е растечкото ниво на финансиско посредување и  олеснетиот пристап до кредитирање на населението, кој особено дојде до израз во периодот пред глобалната економска криза. Кредитниот бум, којшто ѝ претходеше на кризата, беше поткрепен со прекумерна доверба и нерационални очекувања за „бесконечен” раст на цените на активата и за ниски каматни стапки, што, секако, се должи и на недоволната финансиска писменост. Последиците од ваквото однесување на поединците, но и на банките, добро ни се познати, а може да се каже дека и сѐ уште ги чувствуваме.  Уште поблизок пример за нас за тоа какви негативни реперкусии може да има недоволното познавање на ризиците, можеби е епизодата со задолжувањето во швајцарски франци во некои од земјите од нашето окружување. Ниските камати на овој тип заеми и стабилноста на курсот доведоа до поголеми задолжувања во оваа валута, чијашто силна апрецијација во 2010 - 2011 година ја зголеми вредноста на заемите за дури 30% и до значајно зголемување на должничкиот товар на корисниците на кредити, неможност за редовно намирување на обврските и до влошување на квалитетот на кредитното портфолио на банките. И двата примера покажуваат дека финансиската писменост, а воедно и финансиската информираност, не се важна компонента единствено за личните финансии на поединците, туку се битен елемент и на стабилноста на целиот финансиски систем, а со тоа, и на целокупната економија. Како што нотира Минехан: „економиите се создадени од индивидуи и колку одлуките на индивидуите се поинформирани и засновани врз знаење, толку е поголема и веројатноста за економски просперитет“.

Вториот аспект е демографскиот, а се однесува на процесот на стареење на населението, особено во Европа. Додека во 1990 година, учеството на лицата со старост над 65 години во вкупната популација во ЕУ -27 изнесувало 14%, во 2016 е зголемено на 19%. Овој процес на стареење, секако значеше оптоварување на пензиските системи, реформирање на осигурувањето организирано според принципот на тековно финансирање (pay-as-you-go) и воведување приватни пензиски шеми. Сѐ поголемиот раст на приватните фондови и преминот од дефинирани бенефиции на дефинирани придонеси, секако, им ја зголемува одговорноста на лицата за добро управување со сопствената пензиска шема, за обезбедување доволно финансии во подоцнежниот период од животот. Практиката покажува дека во овој домен дури и во високоразвиените економии разбирањето и знаењето на лицата не се на завидно ниво. На пример, истражувањата во Холандија покажуваат дека дури 58% од испитаниците немаат познавања за големината на нивните идни пензиски примања. Пензиските реформи во Македонија веќе поодамна ги следат концептите во развиените економии, така што и сега и во иднина приватното пензиско осигурување ќе станува се позначајно. Со самото тоа ќе се зголемува и потребата за финансиска едукација за правилно планирање на пензиските шеми и зголемување на финансиската благосостојба.

Растечката понуда на комплексни финансиски производи и услуги од нови небанкарски финансиски институции е третиот аспект, кој сѐ повеќе го потенцира ризикот од недоволно знаење и неинформираност на лицата при користењето на нови продукти. Во овој контекст, и терминот „финтек“, кој е широк концепт, а се однесува на финансиски иновации поддржани од брзиот технолошки развој и коишто се  појавуваат во различни сегменти на финансиите – платежните трансакции, инфраструктурата на финансиските пазари, инвестицискиот менаџмент, осигурувањето, но и обезбедувањето кредитна поддршка во економијата. Сите овие иновации значат можност за поголема ефикасноста и конкурентноста на системите, но истовремено значат и поголеми ризици и потреба од поголема финансиска свесност, особено имајќи го предвид нискиот степен на регулираност на компаниите во сегментот на финтек.

Понатаму, друг аспект е потребата за поголема финансиска вклученост, на која сѐ повеќе внимание ѝ посветуваат меѓународните институции и носителите на политиките. Пристапот до финансии од страна на поголемиот број субјекти, а особено на ранливите групи во општеството, од една страна ќе значи поголема вклученост на растот и намалување на сиромаштијата, но од друга страна, уште повеќе ја акцентира потребата од едукација. За разлика од земјите од Северна Европа каде што нивото на финансиска вклученост мерено преку пристапот до сметки во финансиски институции е близу до 100%, во дел од земјите од Источна Европа, повеќе од 50% од населението нема пристап до формални банкарски услуги. Во случајот на РМ, околу 72% од населението (возраст над 15 години) има сметки во финансиските институции. Ниската финансиска вклученост е комбинација и на понудата, но и на побарувачката, при што недоволната финансиска писменост се смета за една од битните причини на страната на побарувачката за ваквата ниска финансиска вклученост.

Препознавањето на ниското ниво на финансиска писменост и потребата за унапредувања во овој поглед, особено по појавата на глобалната финансиска криза доведе и до засилени напори на носителите на политиките за подобра финансиска едукација и подобра информираност. Дел од тие иницијативи имаат супранационален карактер и се однесуваат на повеќе ЕУ директиви кои овозможуваат поголема транспарентност и познавање и почитување на правата на потрошувачите, одговорно задолжување и управување со хипотекарните долгови и ставање акцент на финансиската вклученост. Голем број од европските земји го допираат прашањето на финансиска едукација преку национални стратегии за финансиска едукација, коишто се заеднички документи и заеднички напори на повеќе инволвирани страни, вклучително и на централните банки.

Централните банки се активни учесници и промотори на процесот на финансиска едукација во речиси сите земји. Причините се повеќекратни: 1) едуцираните субјекти подобро ја разбираат монетарната политика, со што се зголемува ефективноста на монетарните мерки; 2) колку подобро субјектите ги разбираат економијата и финансиите, толку е понепречено  функционирањето на финансиските пазари; 3) повисока едуцираност значи и помала веројатност за преземање на прекумерни ризици што е, пак, директно во корелација со стабилноста на финансиските системи и одржливиот економски раст; 4) економската и финансиска едукација значат промоција на јавни добрa; 5) добрата финансиска едукација ги поддржува кредибилитетот на централната банка и разбирањето на нејзините активности.

Народната банка на Република Македонија активно се вклучува во овие современи трендови на финансиско едуцирање на јавноста. Иако овој сегмент  сѐ уште во својот зачеток, сепак портфолиото на активности постојано се зголемува. Сѐ поголем фокус е ставен на активниот ангажман на полето на едукацијата за основните финансиски концепти на учениците од основното и средното образование, со оглед на потребата за отпочнување со едукацијата во раните години.  Оттаму, образовните активности станаа дел од нашето секојдневно работење. Сѐ поголем акцент се става на изготвувањето различни едукативни брошури и снимање едукативни филмови, збогатување на сетот расположливи податоци и информации за јавноста, организирање семинари и работилници за целни групи, а за првпат во РМ е спроведен и пилот-проект за социјална и финансиска едукација од ученици од прво одделение. Во рамки на одбележувањето на 70-годишнината од централното банкарско работење во РМ, се спроведе пообемна програма за обука на 4330 ученици од 87 основни училишта, а беа изработени и два документарно-едукативни филма за целите и функциите на централната банка. Воедно, препознаена е потребата од синергија и заеднички координирана активност на повеќе инволвирани страни преку склучување заеднички меморандуми за соработка со сите финансиски регулатори, со Бирото за развој на образованието и други инволвирани институции.

И покрај бројните долгогодишни напори на носителите на политиките за зголемување на финансиската писменост, поновите истражувања упатуваат на широк простор за натамошно унапредување. Резултатите од новата анкета на „Стандард и пур“ упатуваат на тоа дека  финансиската писменост не е на ниско ниво само во земјите во развој туку е изненадувачки ниска и во земјите со добро развиени финансиски пазари и со висок приход по глава на жител. Во поголемите развиени економии, само половина од возрасните се сметаат за финансиски писмени, а во економиите во развој нивото е уште помало, при што во РМ се оценува дека само 21% од возрасните се финансиски писмени. Слични се наодите и од анкетата на ОЕЦД (на примерок од дваесетина европски земји) кои укажуваат на тоа дека 40% од испитаниците воопшто не прибираат информации пред избор на одредени финансиски производи, над 80% воопшто не побарале алтернативни понуди, половина од испитаниците воопшто не поставуваат долгорочни финансиски цели. Погенерално, бројните анкети упатуваат на неколку поважни заклучоци: сѐ уште ниска финансиска писменост, нивото на писменоста соодветствува со нивоата на образование и доход, испитаниците често оценуваат дека имаат повисоки познавање реалните и сметаат дека има недостаток на лесно разбирливи едукативни содржини и финансиски информации кои би им помогнале во процесот на одлучување, што е особено потенцирано во делот на информациите за пензиските шеми.

Оттаму, како во глобални рамки, така и кај нас, финансиската едукација, односно нејзиното правилно одмерување, насочување и проценување, ќе продолжи да претставува предизвик за носителите на политиките. Нашето досегашно позитивно искуство нѐ мотивира да вложуваме натамошни напори на ова поле. Во оваа насока, како позначајни нови идни проекти би ги споменала: изработувањето национална стратегија за финансиска едукација, воведувањето показатели преку кои на редовна основа ќе се мери нивото на финансиска писменост, а преку тоа и ефективноста на мерките, поддршката на проектот за воведување изборен предмет финансиска едукација во основните училишта и изготвување посебна национална веб-страница за финансиска едукација.

Се надевам дека успеав да доловам некои од базичните елементи на генезата на финансиската писменост, колку е присутна во глобални рамки, зошто е значајна и какви се предизвиците во услови на очигледно брз финансиски и технолошки прогрес. Би сакала да завршам со едно видување, коешто Бен Бернанке, поранешниот гувернер на ФЕД, го потенцираше во еден свој говор – финансиската едукација е постојан, доживотен процес. Финансиските одлуки коишто ги носиме се менуваат во текот на животниот циклус – од плаќање школарини, до купување дом и планирање пензиски шеми – оттаму, пристапот до соодветна финансиска едукација е неопходен во сите различни животни фази.

 

Ви благодарам,

 

 

Почетна За Народната банка Односи со јавноста Соопштенија за печат 2017
  • Поставеност, овластувања и организација на Народната банка
  • Органи на Народната банка
  • Совет на Народната банка
  • Извршен одбор
  • Гувернер
  • Вицегувернери
  • Комитети
  • Корпоративно управување
  • Цели и задачи
  • Транспарентност
  • Односи со јавноста
    • Соопштенија за печат
      • 2025
      • 2024
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
    • Говори
    • Интервјуа
    • Известувања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Овластено лице за прием на пријави од укажувачи
    • Офицер за заштита на личните податоци
    • Соработка
  • Организациска шема
  • Стратегија
  • Програма за работа
  • Меѓународни односи
  • Конференции
  • Годишна награда
  • Финансиска едукација
  • Музеј
  • Библиотека и архив
  • Кариера во Народната банка
  • Донации
  • A+
  • A-

{{Title}}

{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}} {{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}} {{/each}}
{{#each Images}} {{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}} {{/each}}
{{/hasElements}}

ИНФЛАЦИЈА

 

КУРСНА ЛИСТА

Држава

Единицa валута

Среден курс во денари

EUR

Повеќе

КУРСНА ЛИСТА

за период: -

Држава Шифра Единицa валута Куповен курс во денари Среден курс во денари Среден курс во денари Продажен курс во денари

ОСНОВНИ КАМАТНИ СТАПКИ НА НАРОДНАТА БАНКА

Инструмент
Каматна стапка
Благајнички записи 

5,35%

Расположлив кредит преку ноќ
5,85%
Расположлив депозит преку ноќ
3,95%

Расположлив депозит на седум дена

4,00%

  
Промени на основната каматна стапка

Стапки на задолжителната резерва на банки

Обврски со договорна рочност до 2 години:
во домашна валута
8,0%
во домашна валута со валутна клаузула
100%
во странска валута
21%
Обврски со договорна рочност над 2 години: 

во домашна валута
0%
во домашна валута со валутна клаузула
100%
во странска валута
5%
 


Операции на финансиските пазари

Аукции на благајнички записи
Аукции на државни хартии од вредност
Аукции на репо трансакции


Референтна стапка за пресметување на стапката на казнената камата

5,55% 

  

5,55

Каматни стапки на денарски депозити без валутна клаузула

2,73% 

СКИБОР

Сите права задржани © 2017

Почитувани, доколку имате проблем со пристапување до веќе објавените податоци, ве молиме обратете се на телефонот за техничка поддршка: 3108 206. За останатите потреби телефонска централа 3108 108 | (контакт).

Народна банка на Република Северна Македонија
Следете нѐ

  • почетна
  • контакт
  • веб мапа
  • веб инфо
  • корисни врски
  • политика за приватност
  • политика за колачиња
  • ЧПП
  • ново на социјалните мрежи
  • огласи за продажба на имот/отстранување отпад