Платформа за дискусија (достапно само на англиски јазик)
преземи
Платформа за дискусија
Автори: Ана Митреска и Мите Митески
Оваа платформа за дискусија има за цел да даде аналитички осврт на предизвиците за фискалните политики во тековните услови на зголемени ризици и каматни стапки во светски рамки, гледано низ призмата на земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ). Притоа, во белешката се анализираат повеќе аспекти, како што се фискалниот импулс за време на пандемијата на ковид-19, состојбите со буџетскиот дефицит и јавниот долг во земјите од регионот и очекувањата на среден рок, движењето на приносите на државните обврзници, бруто-потребите за финансирање и нивната чувствителност на различни шокови и очекувањата за патеката на фискалната консолидација. Главниот заклучок е дека и покрај хетерогеноста меѓу земјите, фискалните позиции во регионот, слично како и во глобални рамки, главно се наоѓаат под зголемен притисок како резултат на повеќекратните кризи кои се случија во изминатиот период. Предизвиците за јавните финансии во изминатиов период уште повеќе се зголемија како резултат на значителниот раст на каматните стапки на глобално ниво со цел справување со високата инфлација. Оттука, неопходно е придржување до предвидените патеки на фискална консолидација, со што ќе се зголеми фискалниот простор и способноста за реакција на потенцијални идни шокови.
(достапно само на англиски јазик)
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}