достапно само на англиски јазик
Автори: Гани Рамадани, Магдалена Петровска и Весна Буцевска
Евалуација на модели за следење на краткорочните економски движења во Северна Македонија базирани на податоци со различни фреквенции
достапно само на англиски јазик
Прогнозирањето на економската активност за кварталот којшто е во тек е од значаен интерес за креаторите на макроекономските политики. Следствено, трудот се концентрира на емпириски методи за прогнозирање на БДП на многу краток рок коишто базираат на податоци со различни фреквенции, односно на методот познат во литературата како MIDAS и неговото подоцнежно проширување, Bayesian MF-VAR. Двата пристапа се оценуваат во однос на нивната прецизност во прогнозирањето на растот на македонскиот БДП, како податок со квартална фреквенција, преку користење на иста група на податоци со месечна динамика на објавување.
Резултатите упатуваат на сличност на перформансите на MIDAS пристапот со оние на MF-VAR моделот. Воедно, утврдена е и комплементарност на двата пристапа, бидејќи во основа, нивната комбинирана проекција покажува супериорност во предвидувањето на пресвртните точки на деловниот циклус. Дополнително, моделот MF-VAR се потврдува како попрецизен за прогнозирање во периоди на зголемена неизвесност.
Ставовите изложени во авторските материјали се на авторите и не мора да соодветствуваат со ставовите на Народната банка. Ве молиме, при користењето на материјалите соодветно да се цитира изворот/авторите на трудот.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}