достапно само на англиски јазик
Автори: Магдалена Петровска, Јасна Тоновска, Мишо Николов и Артан Сулејмани
достапно само на англиски јазик
Оценка на ефективноста на монетарната политика во Северна Македонија со примена на Бајесов ФАВАР модел (Bayesian Factor Augmented Vector Autoregressive model, BFAVAR)
Трудот го испитува механизмот на монетарната трансмисија во Северна Македонија преку т.н. Бајесов ФАВАР пристап, што претставува и главен придонес на студијата. Имено, станува збор за емпириски пристап којшто овозможува нов аспект на анализирање на трансмисиониот механизам, преку користење на подезагрегиран и посеопфатен сет на податоци. Поконкретно, студијата го оценува влијанието на затегнувањето на монетарната политика врз група на финансиски варијабли, како и група на индикативни варијабли за економската активност. Студијата го потврдува конвенционалниот начин на трансмисија на монетарните сигнали, односно, затегнувањето на монетарната политика ја намалува инфлацијата, преку зголемување на каматните стапки на кредитите и со тоа намалување на кредитната активност, што пак повратно делува и врз вкупната економска активност, а следствено и врз пазарот на трудот. Истовремено, монетарното затегнување делува во насока на зголемување на краткорочните стапки на пазарот на пари, но и во насока на зголемување на штедењето. Дополнително, студијата ја потврдува негативната врска помеѓу каматната стапка на благајничките записи и пазарните цени на обврзниците и на акциите, при затегнати финансиски услови и влошени економски изгледи. Што се однесува до учеството на нефункционалните кредити во кредитното портфолио, студијата покажува дека многу брзо по иницијалниот шок, учеството на нефункционалните во вкупните кредити претрпува надолна корекција, што упатува на способноста и на банките и на економските агенти за приспособување на сопствените биланси.
Ставовите изложени во авторските материјали се на авторите и не мора да соодветствуваат со ставовите на НБРСМ. Ве молиме, при користењето на материјалите соодветно да се цитира изворот/авторите на трудот.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}