достапно само на англиски јазик
Ефектот на кредитите на претпријатијата и домаќинствата врз економскиот раст и динамиката на реалниот девизен курс: искуства од земјите на ЈИЕ
Целта на трудот е да се испитаат ефектите на кредитите на претпријатијата и домаќинствата врз економскиот раст и динамиката на реалниот ефективен девизен курс (РЕДК), врз основа на економетриска панел анализа за земјите од Југоисточна Европа (ЈИЕ). Анализата делумно ги потврдува теориските очекувања за ефектите од декомпонираните кредити врз економскиот раст и РЕДК. Сепак, треба да се имаат предвид и ограничувањата во поглед на големината на панелот и слабостите на користените економетриски техники. Според резултатите добиени од анализата, кредитите на претпријатијата имаат позитивно влијание врз економскиот раст, додека во однос на кредитите на домаќинствата, применетите модели даваат различни резултати, поради што тешко е да се донесе прецизен заклучок. Во однос на влијанието на декомпонираните кредити врз РЕДК, како показател за ценовната конкурентност, резултатите укажуваат дека кредитите на претпријатијата и домаќинствата вршат нагорни притисоци врз РЕДК (апрецијација), главно преку каналот на плати и потрошувачка, соодветно.
Ставовите изложени во авторските материјали се на авторите и не мора да соодветствуваат со ставовите на НБРМ. Ве молиме, при користењето на материјалите соодветно да се цитира изворот/авторите на трудот.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}