Директни инвестиции - Движења
Директни инвестиции - Состојби
Директните инвестиции се меѓународни инвестициски трансакции за стекнување траен економски интерес во претпријатие коешто е резидент во економија различна од онаа на инвеститорот, како и за стекнување влијание во деловната стратегија на тоа претпријатие. Статистиката на Народната банка на Република Северна Македонија ги опфаќа податоците за состојбите и трансакциите врз основа на директни инвестиции. Состојбата претставува позиција на директните инвестиции на крајот на одреден период. Податоците за состојбата на директните инвестиции вклучуваат податоци за сопственичкиот капитал (со реинвестирање на добивката) и за должничките инструменти. Промените во состојбата помеѓу два извештајни периода произлегуваат од: трансакции, ценовни и/или курсни промени и промени во обемот. Трансакциите ги опфаќаат движењата помеѓу поврзаните субјекти врз основа на сопственички капитал, реинвестирање на добивката и должничките инструменти. Разликуваме: директни инвестиции во странство (outward direct investments) и директни инвестиции во земјата (inward direct investments).
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}