Почитувани гости,
драги уметници и пријатели на уметноста,
Вечерва имам голема чест да ја отворам гостувачката изложба Златен прав на љубљанското семејство уметници: Билјана Унковска-Спанзел, Рудолф Спанзел и Доријан Спанзел.
Едновремено, му укажувам благодарност на нејзиниот куратор, д-р Андреј Шемров од Народниот музеј на Словенија, затоа што оваа изложба на македонската јавност ѝ овозможува интегрално да се запознае со уметничкото творештво на тројца сликари со крајно засебни авторски белези, но коишто ги карактеризира и една значајна феноменолошка пресечна точка: дизајн на и со парични средства. Покрај тоа, ѝ изразувам не помала благодарност на „НЛБ Банка“, АД Скопје за несебичната поддршка при реализацијата на овој уметнички проект во Скопје.
Вечерва, спроти денот кога пред 25 години Република Македонија го заокружи сопственото монетарно осамостојување, оваа изложба, и Народната банка на Република Македонија како нејзин домаќин, во еден свој дел несомнено го отсликува и уметничкиот еволутивен пат на македонскиот денар. Имено, пред 21 година, Народната банка на Република Македонија го отпечати постоечкото издание на македонски книжни пари, чијшто дизајн го носи токму авторскиот ракопис на Билјана Унковска, како првонаграден труд на Конкурсот за идејно решение за нов изглед на македонските банкноти, распишан од страна на нашата институција. Нејзините креативни дизајнерски решенија ги красат и сите пригодни златници и сребреници издадени од страна на Народната банка во периодот помеѓу 1996 и 2004 година. Јас ѝ благодарам што притоа создаде малечки уметнички дела во кои не се загледуваме единствено заради економската семантика на бројката што е употребена за означување на нивната номинална вредност.
Би сакал да нагласам дека за мене е задоволство што вечерва со уметност одбележуваме значаен општествено-економски процес којшто ја конституираше самостојна Република Македонија. Задоволството, несомнено, е и заради помислата дека оваа пригода поседува потенцијал да биде уште еден импулс за нови и еднакво успешни соработки и помеѓу нашите две пријателски држави.
Ви благодарам.
|
Галерија на фотографии од изложбата во чест на 25-годишниот јубилеј од монетарното осамостојување на Република Македонија |
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}