достапно само на англиски јазик
Автори: Анета Крстевска и Маја Илиевска
Движење на основните показатели на пазарот на труд и активните мерки на пазарот на труд во справувањето со невработеноста: искуството на Македонија
достапно само на англиски јазик
Оваа анализа дава детален осврт на движењата на пазарот на труд во Република Македонија, динамички и споредбено со избрани земји од ЕУ. Анализирани се движењата на основните показатели за пазарот на труд, вработеноста и платите по одделни дејности, а посебен осврт е даден на видот и примената на активните мерки на пазарот на труд. Анализата покажува подобрување на основните показатели на пазарот на труд во последната деценија, иако показателите за невработеноста кај младите и долгорочната невработеност и натаму се релативно високи. Умерено подобрување во последните години се бележи и кај јазот меѓу понудата и побарувачката на работа сила. Позитивните промени на пазарот на труд се должат на: активните мерки на пазарот на труд, отворањето нови работни места во компаниите со странски капитал, постепеното намалување на неформалната економија, како и придонесот од економскиот циклус. Активните мерки имаат предност во однос на пасивните мерки со оглед на тоа што треба да придонесат за трајно подобрување на работните вештини и способноста на невработените лица за наоѓање на работа. Во услови на чести промени и нередовна примена, ефектите од активните мерки на македонскиот пазар на труд е тешко емпириски да се оценат, но општо земено тие се позитивни. Структурата на активните мерки е слична со другите земји, со доминација на обуките за невработени лица. Во иднина, потребно е да зајакне системот на следење на учесниците вклучени во активните мерки на пазарот на труд во функција на подобро дизајнирање и давање предност на мерките со подобри ефекти, а воедно, постепеното намалување на средства наменети за пасивни мерки, остава простор за насочување на повеќе средства за примена на активни мерки на пазарот на труд.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}