Автор: Билјана Јовановиќ
Детерминанти на структурата на корпоративниот капитал: резултати од панел анализа за Македонија
достапно само на англиски јазик
Целта на трудот е да даде приказ на детерминантите на капиталната структура на претпријатијата во Република Македонија, врз основа на податоци од финансиските извештаи на поголем број на фирми. Преку користење на економетриски методи, анализата доаѓа до значајни сознанија во оваа област, при што сепак треба да се имаат предвид и ограничувањата во поглед на квалитетот на микро-податоците. Во однос на детерминантите на финансиското задолжување на македонските фирми, резултатите ги издвојуваат големината на компаниите и поголемите можности за раст како фактори кои стимулираат поголемо задолжување, додека профитабилноста, колатералот и имплицитните даночни поволности што ги дава недолжничкото финансирање, влијаат дестимулативно врз идното задолжување на фирмите. Во поглед на одлуките за задолжување на фирмите пред и по глобалната криза, од анализираните детерминанти, единствено преткризното ниво на долг има значајно влијание врз однесувањето на фирмите по кризата, односно фирмите со повисок долг пред кризата, по кризата се раздолжиле повеќе отколку другите фирми.
Ставовите изложени во авторските материјали се на авторите и не мора да соодветствуваат со ставовите на НБРМ. Ве молиме, при користењето на материјалите соодветно да се цитира изворот/авторите на трудот.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}