Редовна аукција за продажба на благајнички записи
На 10 јули 2013 година, Народната банка спроведе редовна аукција за продажба на благајнички записи со примена на тендер со ограничен износ и фиксно утврдена каматна стапка од 3,25%. На аукцијата беа понудени благајнички записи во износ од 25.500 милиони денари.
Побарувачката за благајнички записи беше повисока од понудениот износ за 2.373 милиони денари и изнесуваше 27.873 милиони денари. Реализацијата изнесува 25.500 милиони денари.
Следната аукција на благајничките записи ќе се одржи на 14 август 2013 година.