Во рамки на монетарната статистика, на квартално ниво, се објавуваат билансите и прегледите на депозитните институции (НБРМ, банки и штедилници), билансот и прегледот на останатите финансиски институции и прегледот на финансиските институции во кој се консолидираат податоците на депозитните институции со податоците на останатите финансиски институции. Посебно се прикажани билансите и прегледите на осигурителните друштва, пензиските фондови, инвестициските фондови, финансиските друштва, друштвата даватели на финансиски лизинг, друштвата за управување со инвестициските фондови и пензиските фондови. Кварталните податоци се однесуваат на состојбата на средствата и обврските на финансиските институции, поделени по финансиски инструменти, институционални сектори, валута и рочност.
_________________________________________________________________________________
Најнови остварувања:
Вo четвртиот квартал на 2024 година, вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ) достигнаa ниво од 255.271 милион денари. Останатите финансиски институции учествуваат со 21,2% во средствата на финансиските институции. Во рамките на структурата на ОФИ, најголемо учество од 65,5% во вкупните средства на ОФИ имаат пензиските фондови, по што следуваат осигурителните друштва со учество од 14,6%. Вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ), во четвртиот квартал на годината, се зголемија на квартална основа за 5,1%, главно под влијание на зголемените средства на пензиските фондови. Дополнителен позитивен придонес кон кварталниот раст имаат средствата на инвестициските фондови, додека останатите потсектори имаат помало позитивно влијание, со исклучок на осигурителните друштва кај коишто е забележан пад на средствата. Годишниот раст од 21,0% во поголем дел се должи на зголемените средства на пензиските фондови, при помал позитивен придонес и на останатите потсектори, којшто е поизразен кај инвестициските фондови. Прочитај повеќе ...
_________________________________________________________________________________



Архива на биланси и прегледи на финансиските институции - квартални податоци
За подетални информации во врска со објавените статистички податоци, контактирајте нѐ на [email protected] или на телефон 02 3215 181 локал 116 (или 110/108)