достапно само на англиски јазик
Автори: Тања Јакимова и Неда Поповска-Камнар
Финансирање на малите и средните претпријатија преку банкарскиот сектор во Република Северна Македонија ‒ резултати од анкетно истражување 
достапно само на англиски јазик
Овој труд содржи анализа на резултатите од анкетно истражување, спроведено од страна на Народната банка на Република Северна Македонија, за финансирање на малите и средни претпријатија преку домашниот банкарски систем. Целта на истражувањето е да се согледаат факторите коишто влијаат врз пристапот до финансирање за малите и средни претпријатија во Република Северна Македонија, гледано преку понудата на кредити од банките, како и предизвиците со кои се соочуваат домашните банки во процесот на кредитирање на овој сектор. Резултатите од анкетното истражување спроведено кај банките, укажуваат дека пазарот за кредитирање на малите и средни претпријатија е голем, конкурентен, не многу заситен, но со многу позитивни изгледи. Главниот двигател за поголемо вклучување на банките во понудата на кредити на малите и средни претпријатија е профитабилноста и добрата перспектива на овој сектор. Истовремено, резултатите од истражувањето посочуваат на присуство на одредени фактори поврзани со малите и средни претпријатија (слаб квалитет на финансиски извештаи, недостаток на соодветно обезбедување), коишто го отежнуваат процесот на кредитирање на овој сектор преку банкарскиот сектор. Генерален заклучок е дека пристапот до финансирање за малите и средни претпријатија преку банките е потребно и натаму да се подобрува, со што ќе се зголеми и нивниот придонес во поддршката на растот на економијата.
Ставовите изложени во авторските материјали се на авторите и не мора да соодветствуваат со ставовите на Народната банка. Ве молиме, при користењето на материјалите соодветно да се цитира изворот/авторите на трудот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}