Автор: Михајло Васков
Анализа на веројатностите за ненаплатливост на кредитите на физичките лица, со примена на Поасоновата дистрибуција
Целта на оваа анализа е да даде теоретска и практична илустрација за примената на т.н. Поасонова дистрибуција на веројатностите, во доменот на утврдување на веројатностите за ненаплатливост на кредитите, стапките на очекуваните кредитни загуби и нивото на капитални барања потребно за покривање на неочекуваните загуби од кредитите. Во анализата е даден практичен пример за примената на Поасоновата дистрибуција во утврдувањето на веројатностите за ненаплатливост на потрошувачките и станбените кредити и соодветните, очекувани и неочекувани, загуби од овие кредити. Притоа, анализата упатува на два главни заклучока. Првиот резултат укажува дека очекуваните кредитни загуби утврдени од страна на банките за редовните потрошувачки и станбени кредити (на ниво на вкупниот банкарски систем) се малку под она што се добива со примена на Поасоновата дистрибуција на веројатностите. Според вториот заклучок, капиталните барања за покривање на кредитниот ризик (односно, утврдениот износ на неочекувани кредитни загуби) се поставени на многу (повеќекратно) повисоко ниво, во споредба со она пресметано со примената на овој метод. Оваа анализа ја потврдува констатацијата за значењето на високите капитални позиции на банките како амортизер на евентуални идни загуби и столб на отпорноста на банкарскиот систем. Презентираната аналитичка алатка е релативно едноставна и лесна за примена и во други области од финансиите, при што неопходно е да се имаат предвид нејзините основни теоретски карактеристики и слабости.
Ставовите изложени во авторските материјали се на авторите и не мора да соодветствуваат со ставовите на Народната банка. Ве молиме, при користењето на материјалите соодветно да се цитира изворот/авторите на трудот.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}