Автори: Гани Рамадани и Даница Уневска Андонова
Алтернативен показател за базичната инфлација - подиндекс којшто вклучува компоненти со ниска увозна содржина
Со примената на најновиот пристап на ЕЦБ е конструиран алтернативен показател за домашната инфлација, којшто ги зема предвид компонентите од индексот на потрошувачките цени коишто имаат ниска увозна компонента. Станува збор за концептот на домашната компонента на инфлацијата, којшто е од аналитичка релевантност за монетарната политика, поради важноста за трансмисискиот механизам на монетарната политика.
Новопресметаниот показател дава слика за делот од инфлацијата којшто е најчувствителен на домашните фактори. Конструкцијата на новиот показател е направена врз основа на категориите од вкупниот инфлациски индекс коишто имаат најмала увозна компонента, а минималниот праг е одреден врз основа на емпириски критериуми. Врз основа на пресметките е утврдено дека домашната компонента на вкупната инфлација е мала и учествува со 11,2% во вкупниот индекс на трошоците на животот, а ги опфаќа претежно категориите коишто се однесуваат на услугите, а во случајот на ЕЦБ за еврозоната, каде што исто така се опфатени главно услугите, опфатот изнесува 35%.
Анализата покажува дека има раст на оваа компонента во последниот период, при што придонесот кон растот на вкупната инфлација е мал. Притоа, во услови на подолготраен раст на светските цени на енергијата и на храната, анализата покажува дека зголемувањето кај оваа компонента главно е преносен ефект од порастот на цените на овие категории.
Ставовите изложени во авторските материјали се на авторите и не мора да соодветствуваат со ставовите на Народната банка. Ве молиме, при користењето на материјалите соодветно да се цитира изворот/авторите на трудот.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}