достапно само на англиски јазик
Автори: Михаи Копачу, Јоана Маџоска и Мите Митески
Динамички стохастичен модел на општа рамнотежа (ДСГЕ-модел) со делумна евроизација: случајот на македонската економија
достапно само на англиски јазик
Овој труд претставува прва техничка анализа од ваков вид, во кој е опишана теоретската структура и резултатите од оцената на новокејнзијанскиот динамички стохастички модел на општа рамнотежа (ДСГЕ-модел), којшто за прв пат се воспостави за македонската економија. Софистицираниот модел, покрај тоа што вклучува финансиски блок, е дополнително приспособен и за специфичните карактеристики на нашата економија - фиксниот девизен курс и делумната евроизација на кредитните текови. Резултатите од анализата се во согласност со економската теорија. Притоа, позитивните шокови на склоноста за потрошувачка и на нето-вредноста на претприемачите очекувано доведуваат до влошување на нето-позицијата на девизните средства на земјата, што се должи на зголемената лична потрошувачка, инвестиции и следствено, на увозот. Како што е очекувано за земји со фиксен девизен курс, растот на егзогената премија за ризик директно се одразува во раст на домашната каматна стапка, со поволни ефекти врз нето-позицијата на девизните средства на земјата. Воедно, движењата во финансискиот сектор се значајни за цикличноста на македонската економија, при што нивниот ефект е особено изразен преку каналот на инвестициите. Исто така, се покажа дека шоковите поврзани со финансискиот сектор се значаен објаснувачки фактор и за движењето на домашните каматни стапки и каматните распони. Со оглед на фиксниот девизен курс, надворешните шокови се покажаа како исклучително релевантни за промените во инфлацијата и во домашната каматна стапка.
Ставовите изложени во авторските материјали се на авторите и не мора да соодветствуваат со ставовите на Народната банка. Ве молиме, при користењето на материјалите соодветно да се цитира изворот/авторите на трудот.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}