1000 денари
Ав. Богородица Епискепсис, икона од црквата Мали Св. Врачи, Охрид, почеток на XIV век; на левата страна златна обетка со гулабица (III-II век пр.н.е.), Требенишко Кале, Охридско.
Рев. Детаљ од фасадата на Григориевата галерија (XIV век), црква Св. Софија, Охрид
Боја: Кафејава, портокалова.
Димензии: 152 мм х 70 мм
Печатени во „ТДЛР“, Лондон
Издание: 2003

|

|

|
Воден печат Регистарски воден знак во три димензии со претстава на иконата Богородица Епискепсис, прикажана во десната половина од банкнотата
|
Заштитен конец 2 mm широк конец со прозорец, со видлив микро текст на кој ја пишува кратенката НБРМ.
|
Интаглио печат Мултиколор интаглио печат на текстот и гравурата.
|

|

|
OVD
Оптички варијабилен елемент – холограмска апликација, во средината на апликацијата поголема цифра 1000 околу картата на Република Северна Македонија, а околу нив повеќе помали броеви 1000
|
OVI
Оптички варијабилна боја.
|

|

|

|
Скриена слика
Во драперот на Богородица, под посебен агол се појавува текстот
НБРМ.
|
Микро текст
Во тенка линија над текстот НАРОДНА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
|
Двоен пасер
Ѕвезда од драперот на Богородица разделен на два дела кои се покриваат ако се гледа наспроти светлост
|

|

|
Асиметрична
нумерација
Сите броеви и букви се со различна големина
|
Иридисцентна боја
Обоена лента со метален слој каде под одреден агол се гледа знамето на Р. Северна Македонија и бројот 1000.
|