Надоместоци што се наплатуваат за платниот промет преку МИПС
НБРМ наплаќа надоместоци од учесниците во системот за услугите коишто учесниците ги остваруваат преку МИПС.
Надоместоците зависат од следниве пет фактори:
- начинот на пренесување на пораките во МИПС;
- времето кога е доставен налогот за порамнување за плаќањата во денари;
- бројот на порамнети налози;
- видот на валутата (денари или евро); и
- домашно или прекугранично плаќање во евра.
Надоместоците се регулираат во
Одлука за видот и висината на надоместоците за услугите коишто ги дава Народната банка на Република Северна Македонија.