Како меѓународно прифатени стандарди за работа на платните системи, Народната банка ги усвои Принципите за инфраструктура на финансиските пазари издадени од Комитетот за системите за плаќање и порамнување при Банката за меѓународно порамнување и Техничкиот комитет на Меѓународната организација на комисиите за хартии од вредност.

Народната банка врши класификација на платните системи согласно со Одлуката за критериумите и стандардите за работењето на платните системи врз основа на следниве критериуми:

  • финансиското влијание преку просечната дневна вредност на платните трансакции што се извршуваат низ одделниот платен систем во текот на претходната календарска година;
  • навлезеноста на пазарот преку пазарното учество на бројот на платните трансакции на одделниот платен систем во однос на вкупниот број на платните трансакции извршени од сите платни системи од ист вид во текот на претходната календарска година, изразено во проценти; и
  • порамнувањето на други платни системи или системи за порамнување хартии од вредност во одделниот платен систем.

Притоа, платните системи може да се класифицираат во следниве типови:

  • системски важни платни системи;
  • важни платни системи, и
  • останати платни системи.