Народната банка може да употреби и други макропрудентни инструменти во зависност од движењата во финансискиот систем, изворот на системскиот ризик и потребите на макропрудентната политика. Макропрудентниот инструментариум на Народната банка може да вклучува инструменти коишто се насочени кон прудентно управување и ублажување на ликвидносните ризици што може да произлезат во случај на шокови. Целта на ликвидносните инструменти е да се зајакне способноста на банките за справување со ликвидносни шокови преку одржување доволен обем на висококвалитетната ликвидна актива за покривање на одливите на изворите на средства на краток рок, усогласување на рочната структура на активните и пасивните позиции на банките и обезбедување стабилни извори на финансирање на кредитниот раст. Оваа група опфаќа повеќе различни инструменти како што се: стапка на покриеност со ликвидност (ЛЦР), квантитативни лимити на показателот кредити/депозити и други слични показатели.

Одлука за методологијата за управување со ликвидносниот ризик 

Упатство за спроведување на Одлуката за методологијата за управување со ликвидносниот ризик 

Заради остварување на целите на макропрудентната политика, Народната банка може да користи и други типови инструменти, како што се капиталните барања за изложености кон одредени сектори/категории средства или кон одредени банки, лимитите на изложеноста, макропрудентното приспособување на стапката на задолжителна резерва и други инструменти.

Подетално за можните макропрудентни инструменти на Народната банка види во Стратегијата за спроведување на макропрудентната политика во Република Северна Македонија.