Макропрудентни инструменти на Народната банка
Заради остварување на целите на макропрудентната политика, а во согласност со соодветната законска и подзаконска регулатива, Народната банка презема макропрудентни мерки кон банките, штедилниците и другите финансиски институции на кои им издала дозвола за основање и работење. Со макропрудентните мерки се определува висината на макропрудентните инструменти заради спречување, намалување или отстранување на системските ризици во одделните сегменти од финансискиот систем или во финансискиот систем во целина. Макропрудентните мерки на Народната банка, во согласност со закон, се однесуваат најмалку на следниве макропрудентни инструменти:
- Заштитните слоеви на капиталот;
- Лимитите на изложеност;
- Управувањето со ризиците;
- Задолженоста;
- Системски значајните банки;
- Ризикот од концентрација на изложености;
- Други инструменти за зголемување на отпорноста на финансиски шокови и за спречување на нарушувањата во банкарскиот систем.
Мерките што се содржани во Законот за банки и соодветната подзаконска регулатива, а за коишто е предвидено да се преземаат кон поединечните банки (супервизорските мерки), може да се користат и за остварување на целите на макропрудентната политика, во согласност со Законот за финансиска стабилност.