Kорпоративното управување во Народната банка се заснова врз моделот на три линии, што придонесува за ефикасно и ефективно остварување на поставените стратегиски цели, мандат и визија.

Првата линија ја сочинуваат организациските единици, коишто оперативно ги спроведуваат основните функции и функциите на поддршка, управуваат со ризиците што произлегуваат од нивното работење и коишто имаат најдлабоко разбирање за работните процеси и за промените во окружувањето во областите за кои се надлежни.

Втората линија ја сочинува Канцеларијата за стратегија и превенција којашто врши идентификација, анализа и справување со ризиците, обуки, совети, контроли и следење, како и подигнување на свеста кај вработените за ризиците, за контролните механизми и мерки, како и за начинот на примена на регулативата во нивното работење.

Третата линија, внатрешната ревизија, спроведува ревизија на работењето на првата и втората линија, од аспект на усогласеноста на работењето со законската, подзаконската и интерната регулатива, веродостојноста на финансиските и на другите информации, како и на ефективната и ефикасната употреба на средствата и ресурсите.


Внатрешна ревизија

Информација за спроведување на функцијата внатрешна ревизија во Народната банка на Република Северна Македонија 

Канцеларија за стратегија и превенција

Во 2019 година, во Народната банка беше формирана Канцеларијата за стратегија и превенција, како посебна независна организациска единица во рамките на моделот „три линии“. Канцеларијата за стратегија и превенција обединува три функции:


Канцеларијата за стратегија и превенција обединува три функции:   

Функцијата стратегија и оперативни ризици (ФСОР) 

Функцијата сигурност на информацискиот систем, заштита на лични податоци и класифицирани информации (ФСИС) 

Функцијата усогласеност (ФУ)