Кариерата во Народната банка е повеќе од вообичаено извршување на работните обврски. Ние ќе ви понудиме можности за вашиот личен и професионален напредок. Нашето окружување е „различно“ и обезбедуваме пријателска, корисна и креативна работна средина. 

Нашите основни вредности се најважни за нас. Водејќи се од нив, ја градиме меѓусебната соработка, соработката со нашите клиенти и со нашите партнери и по нив сме препознатливи во секое окружување.

При исполнувањето на својата мисија и стратегиските цели, односно за зачувување на монетарната и финансиската стабилност, поаѓаме од следниве вредности:

Лидерството – поттикнување на професионалците да се движат нанапред, да се развиваат и да постигнуваат резултати;

Професионализмот – однесување во духот на почитувањето, грижата за себе и за другите;

Транспарентноста – редовно информирање и објавување информации и податоци;

Иновативноста – работење со креативност и нови идеи;

Тимската работа – тимски се постигнува многу повеќе;

Интегритетот – градење лична и организациска етика;

Квалитетот – постојано унапредување на стандардите во работењето;

Лојалноста – грижа за интересите на Народната банка и посветеност кон постигнувањето на мисијата, визијата и стратегиските цели на банката.