
На 26 јули 1999 година, Народна банка во соработка со Музејот на Македонија и Нумизматичкото друштво „Пајонон“, ја отвори својата прва камерна изложба на монети, сместена во кабинетот на гувернерот, а насловена како „Нумизматичка збирка на Народна банка на Република Македонија”. Во рамките на оваа поставка беа изложени 235 монети, хронолошки распоредени во шест витрини и публикувани во придружниот каталог. Подоцна, поставката е редизајнирана, така што денес во осум витрини се претставени следните тематски целини:
- Депоа со монети откриени на македонска почва;
- Монети на Пајонија и Македонија;
- Римски денари;
- Ковницата во Стоби;
- Доцноримско монетоковање;
- Византиски цареви;
- Средновековни монети;
- Современи јубилејни монети.