Годишниот форум на Виенската иницијатива го отворија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска со поздравно обраќање и гувернерот на Хрватската народна банка, Борис Вујчиќ со воведно обраќање.

На првата панел-сесија, под наслов „Монетарната и фискалната политика во светот на висока инфлација“, покрај Ангеловска-Бежоска и Вујчиќ, учествуваа и гувернерот на Народната банка на Словачка, Петер Кажимир, гувернерот на Централната банка на Црна Гора, Радоје Жугиќ, министерот за финансии, Фатмир Бесими и потпретседателката на Европската инвестициска банка, Лилјана Павлова.


 Фотогалерија - сесија 1  


На втората сесија во рамките на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“, под наслов „Промена на приоритетите: Централното банкарство за време на конфликт“, под водство на Алекс Пивоварски, директор во ЕБОР, зборуваше првата заменик-гувернерка на Народната банка на Украина, Катерина Рожкова. 


 Фото галерија - сесија 2 


На третата сесија во рамките на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“, под наслов „Преглед на економската состојба на ЦИЈИЕ“, Хелге Бергер, заменик-директор во ММФ, одржа презентација за проекциите за регионот, а потоа се приклучија и Лаура Валдерама од ММФ, Матео Фераци од ЕИБ и Дејан Васиљев од ЕБОР со своите презентации.


 Фото галерија - сесија 3 


На четвртата сесија, во рамките на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“, под наслов „Проекции за банкарскиот сектор: Ќе следат ли повеќе предизвици следат?“, со која претседаваше Франсис Малиж, генерален директор во ЕБОР, презентација одржа Патрик Ами, генерален директор во Директоратот на ЕЦБ за специјализирани институции и помали банки, додека на панел-дискусијата на која учествуваа регулаторите и учесниците на пазарот, зборуваа Октавијан Армасу, гувернер на Молдавија, Ксаба Балинт, член на Советот на Народната банка на Романија, Тина Жумер, заменик-гувернерка на Банката на Словенија и Ксаба Кандракс, заменик-гувернер на Унгарската народна банка, осврнувајќи се на очекувањата на пазарот.


 Фото галерија - сесија 4  


На петтата сесија во рамките на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“, под наслов „Квалитетот на портфолиото и рани знаци на влошување“, со која претседаваше Марио Гвадамилас, оперативен директор во Светската банка, за нефункционалните кредити зборуваа Вахе Вардајан, координатор на Секторот за финансиски совети на Светската банка, како и Дебора Револтела, главна економистка на ЕИБ и Лаура Валдерама од ММФ, додека на панел-дискусијата учествуваа Каталина Поројан, од Рајфајзен банка и Марта Милер, од ИФЦ, зборувајќи за очекувањата на пазарот.


 Фото галерија - сесија 5 


На шестата сесија, во рамките на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“, под наслов „Зелена транзиција“, со која претседаваше Дебора Револтела, главна економистка на ЕИБ, беше одржана презентација на Работната група за климатските промени поврзана со климатските промени и финансиската стабилност, а се обрати и Патрик Ами, директор на Директоратот за специјализирани институции и мали банки при ЕЦБ.

На панел-дискусијата за зелените финансии, покрај Ами, зборуваа и Елина Каменицер од ЕИБ, Ксаба Кандаркс, заменик-гувернер на Унгарската народна банка, Мануела Флорентина Хурмуз од Рајфајзен банка и Методија Богевски, менаџер за енергетика во „Витаминка“.

Перспективата на Европската комисија ја изнесе Корина Вејдингер-Сосден.


 Фотогалерија - сесија 6 


На седмата сесија, во рамките на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“, под наслов „Финансии во развој ‒ новиот контекст и развој“, со која претседаваше Рајнер Викерн од Директоратот за финансиска стабилност, финансиски услови и пазари на капитал на Европската комисија, презентација одржа Кристијан Мур, претставник на Европската банкарска асоцијација ‒ ЕБА.

Во рамките на сесијата, на панел-дискусијата под наслов „Дигитализација на финансиските услуги и стабилност во контекст на тековните настани“, дебатираа Лукас Јакубонис, раководител за развој на финансиските пазари во Банката на Литванија, Викторија Глигорова, генерална директорка на Секторот за супервизија на Народната банка, Шарлот Рухе, генерална директорка на ЕБОР за Централна и Југоисточна Европа и Франсис Малиж, генерален директор за финансиски институции во ЕБОР. 


 Фото галерија - сесија 7