ЧПП
НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ЗА НИВ | Прашања и одговори од областа на супервизијата
Прашање:
Дали може да се купат банкноти и монети од денари за нумизматички цели?
Одговор:
Согласно со Одлуката за видот и висината на надоместоците за услугите коишто ги дава Народната банка на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија" бр. 1/23), книжните пари за нумизматички потреби се продаваат со провизија од 10% од номиналната вредност на продадените пари, а кованите пари за нумизматички потреби се продаваат со провизија од 1 денар по парче.
Лица за контакт:
Бојан Цветковски, тел. 3 108 251, е-пошта: [email protected]
Борче Василевски, тел. 3 108 403, е-пошта [email protected]
Прашање:
Каде и како може да се заменат оштетени домашни банкноти и монети?
Одговор:
Замената на оштетени банкноти и монети се врши во деловните банки согласно со Одлука за условите и начинот за снабдување со книжни и ковани пари. Оваа одлука е објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.149/21. Замената на овие пари може да се изврши и во Народната банка, како и замената на парите коишто повеќе не се законско средство за плаќање.
Прашање:
Каде можат да се заменат швајцарски франци кои се повлечени од употреба?
Одговор:
Народната банка не врши откуп и замена на пари деноминирани во странски валути за плаќање. Замената на банкноти од осмата серија на швајцарски франци се врши во деловните банки во земјата. Условите за замена на банкноти кои престанале да бидат законско средство за плаќање ги одредува нивниот издавач, во овој случај Швајцарската Централна Банка. Според нивната објава, временскиот период за замена на швајцарски франци од осмата серија не е ограничен и истите можат да се заменат во Швајцарската Централна Банка, без наплата на провизија.
Прашање:
Како се добива извештај од Кредитен регистар за физичко лице и која е процедурата?
Одговор:
За добивање на податоци за кредитна изложеност потребно е да поднесете писмено барање до Народната банка, лично или преку полномошник, преку Писарницата на Народната банка, на бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 1 во Скопје, секој работен ден, во периодот од 8:30 до 15:45 часот.
Повеќе информации за Кредитниот регистар се достапни на следната врска: Кредитен регистар (nbrm.mk).
Прашање:
Која е надлежноста на Народната банка врз финансиските друштва (брзи кредити)?
Одговор:
Народната банка нема надлежност врз уредувањето, работењето и надзорот над финансиски друштва. Министерството за финансии е надлежна институција врз работењето на финансиските друштва.
Прашање:
Дали и како може да се организира посета на Музејот на пари во НБРСМ?
Одговор:
Музејот на пари на Народната банка е лоциран во приземјето на централната зграда на Народната банка. Тој е отворен за јавноста секој работен ден од вторник до петок, во периодот помеѓу 9 и 15 часот, а влезот е бесплатен.
За повеќе информации видете на „Најавување на посети“ или пишете барање на е-пошта [email protected]
Прашање:
Како се закажува посета за финансиска едукација?
Одговор:
Закажувањето на организираните посети за финансиска едукација се врши на електронската пошта: [email protected]
Прашање:
Каматни стапки на Народната банка за период од 01.09.1999 година до 01.09.1997 година ()
Одговор:
Каматни стапки на Народната банка за период од 01.09.1999 година до 01.09.1997 година ()