БИОГРАФИЈА

Емилија Нацевска

вицегувернер на Народната банка на Република Северна Македонија

Даум и место на раѓање: 9.6.1963, Охрид.




РАБОТНО ИСКУСТВО


Релевантни позиции


јули 2010 - октомври 2018 



Советник на гувернерот за платни системи и евроинтеграции во Народната банка

Поважни активности и одговорности:

  •  го следи процесот за интеграција на нашата земја во Европската Унија и ги координира активностите во Народна банка за подготовка на потребните влезни информации во националните документи поврзани со овој процес: ЕРП, НПАА, извештаите за остварените активности и други документи;
  •  ги следи активностите поврзани со процесот за приклучување на Народна банка кон Европскиот систем на централни банки и Евросистемот и придонесува со свои мислења;
  •  го следи развојот на националниот платен систем со фокус врз неговата усогласеност со стандардите и правилата за работа на платните системи во Единствената европска платежна област (СЕПА) и можностите за натамошен развој;
  •  учествува во изготвувањето на макроекономските проекции на Народната банка;
  •  придонесува со свои мислења за прашања поврзани со монетарната политика и финансискиот систем.



јули 2003 - јули 2010


Вицегувернер на Народната банка

Член на Советот на Народната банка


Работни одговорности и позначајни постигнувања:


февруари 2006 - јули 2010


Вицегувернер задолжен за областите монетарна политика, истражување и статистика.

  • Подобрување на процесот на монетарно одлучување и зголемување на транспарентноста и одговорноста на Народната банказа монетарните одлуки: надграден е и ставен е во употреба модел за среднорочно проектирање, развиена е инфраструктура за краткорочно прогнозирање, воспоставен е систем на тримесечни макроекономски проекции и обезбедено е нивно редовно објавување во кварталните извештаи.
  • Унапредување на статистиката и натамошно усогласување со меѓународните стандарди: за првпат се објавени податоци и временски серии за странските директни инвестиции, за меѓународната инвестициска позиција, за бруто и нето надворешниот долг и побарувања, ревидирана е временската серија на монетарните податоци, воведени се нови извори на податоци.


јули 2004 - февруари 2006


Вицегувернер задолжен за оперативното спроведување на монетарната политика, управувањето со девизните резерви, платните системи и трезорското работење.

  • Суштински реформи во оперативната рамка на Народната банка со што е зголемена ефикасноста и трансмисиската моќ на монетарната политика.
  • Поставување и развој на пазарите преку шалтер и на репо-операциите.
  • Продлабочување и развој на девизниот пазар и унапредување на интервентната политика на Народната банка: воспоставен е електронски информативен систем и платформа за котирање и тргување меѓу банките и на банките со Народната банка, воведени се банки поддржувачки на Народната банка за интервенциите на пазарот, поставени интерни правила за интервенции.
  • Унапредување на процесот на управување со девизните резерви и зајакнување на процесот на одлучување:  поставена е стратегија и политика за пласирање заснована врз следење и контрола на ризиците, формиран Комитет за инвестирање и постапка на одлучување, започнување со инвестициско тргување.
  • Подобрување на правната сигурност во работењето на платните системи и зголемување на ефикасноста на плаќањата, воспоставување на платежната статистика.
  • Унапредување на процесот на издавање и ракување со готови пари.
  • Обезбедување на потребната инфраструктура за поставување на примарниот пазар на државни хартии од вредност и поддршка на државата за развој на пазарот со издавање трезорски записи за монетарни цели.
  • Поставување на задачите чувар на имот на средствата на првите приватни задолжителни пензиски фондови за поддршка на реформата на пензискиот систем и нивно извршување сѐ до приспособувањето на комерцијалните банки за извршување на овие услуги.


јули 2003 - јули 2004


Вицегувернер задолжен за девизниот сектор според тогашната организациска шема на Народната банка и заменик-гувернер со овластување од гувернерот согласно со тогашниот закон.

  • Подигнување на корпоративното управување во Народната банка како иницијатор и учесник во поставувањето на првата функционална реорганизација на Народната банка, вклучително и на интерните политики и правила, согласно со најдобрите практики на современите централни банки.
  • Централизација и консолидација на статистичките активности, организациско обединување на макроекономското проектирање.
  • Иницијатор за поставување на процесите за обезбедување непрекинатост во работењето и за сигурност на информативниот систем на институционално ниво согласно со меѓународните стандарди.


декември 1997- јули 2003


Директор на Дирекцијата за платен биланс на Народната банка.

Поважни активности и одговорности:

  • Редовно објавување на статистиката на платниот биланс и подобрување на процесите за прибирање и обработка на податоците, натамошно усогласување со меѓународните стандарди и унапредување на екстерните статистики.
  • Воведување извори на податоци и методолошки основи за воспоставување на статистиката на странските директни инвестиции и на меѓународната инвестициска позиција.
  • Одговорна за проекциите на платниот биланс, за анализата на надворешниот сектор и реалниот ефективен курс на денарот.
  • Учество во преговорите со Меѓународниот монетарен фонд  (ММФ) и Светската банка (СБ);
  • Учество во изработката на новата законска и подзаконска  регулатива за девизно работење во согласност со одредбите од Спогодбата за стабилизација и асоцијација, како и во изработката на нов закон за Народната банка со којшто се изврши значително зголемување на независноста на централната банка.


мај 1996 - декември 1997


Раководител на Отсекот за платен биланс во Дирекцијата за девизно работење на Народната банка

Поважни активности и одговорности:

  • Составување и навремено објавување на платниот биланс, подобрување на опфатот и проширување на изворите на податоци, натамошно усогласување со меѓународните стандарди.
  • Подготовка на проекциите на платниот биланс.
  • Анализа на надворешниот сектор и реалниот ефективен курс на денарот.
  • Учество во преговорите со ММФ.


јануари 1995 - мај 1996


Стручен соработник во Отсекот за меѓународни односи и платен биланс во Дирекцијата за девизни работи на Народната банка.

Поважни активности и одговорности:

  • Составување и навремено објавување на платниот биланс.
  • Анализа на надворешниот сектор и реалниот ефективен курс на денарот.
  • Соработка со ММФ околу изготвувањето на проекциите на платниот биланс.
  • Поставување инфраструктура за подготовка на проекциите на платниот биланс.
  • Учество во изработката на правната рамка за централнобанкарските активности и девизниот режим на независна Република Македонија.


март 1993 - јануари 1995


Девизен аналитичар во Отсекот за меѓународни односи во Дирекцијата за девизни работи на Народната банка

Поважни активности и одговорности:

  • Составување и навремено објавување на платниот биланс.
  • Анализа на надворешниот сектор и поставување методологија за следење на реалниот ефективен курс на денарот.
  • Соработка со ММФ околу изготвувањето на проекциите на платниот биланс.
  • Одговорна за повлекување на првите кредитни линии и заеми од Светската банка.


ноември 1987 - март 1993


Помлад девизен аналитичар во Отсекот за меѓународни односи во Дирекцијата за девизно работење на Народната банка.

Поважни активности и одговорности:

  • Анализа на надворешниот сектор на РМ во состав на СФРЈ.
  • Учество во изготвувањето на полугодишните и годишните извештаи на Народната банка.
  • Учество во институционалниот процес при монетарното осамостојување на нашата земја.
  • Воспоставување на статистиката на платниот биланс на нашата земја.


Учество во проекти и други позначајни активности во работни тела:


2004 - денес


Претседател на Националниот совет за платни системи, формиран со Спогодба меѓу гувернерот, министерот за финансии и претседателот на Здружението на банкарството, како консултативно и координативно тело за развој и унапредување на платниот систем, составен од претставници на институциите основачи и на други институции вклучени во платниот систем; ги координира активностите за разрешување актуелни проблеми во извршувањето на плаќањата, за унапредување на платните системи преку примена на стандардите и правилата за работа на СЕПА; го организира процесот за подготовка на национална стратегија за развој на платните системи и го следи остварувањето.


2012 - 2013


Иницијатор и координатор на спроведувањето на првиот проект за соработка на Народната банка со Европската централна банка со којшто е извршена целосна анализа на состојбите и потребите на Народната банка во процесите на нејзино приклучување кон Европскиот систем на централни банки и Евросистемот.


2004 г.


Предводник на тимот во Народната банка за подготовка на одговорите на Прашалникот од ЕУ и одговорно лице за координација на активностите поврзани со европската интеграција.




2004 - 2005


Учесник во проектот за реформа на пензискиот систем на нашата земја.


2003 - 2010


Заменик-гувернер за нашата земја во Одборот на директори на Меѓународниот монетарен фонд.


2003 г.


Учесник во проектната група за поставување регулатива за услугата брз трансфер на пари.


1999 - 2002


Учесник во проектната група за изработка на нова законска регулатива за девизното работење во согласност со одредбите од Спогодбата за стабилизација и асоцијација на нашата земја со ЕУ (ССА) и во проектната група за изработката на нов закон за Народната банка заради обезбедување на независноста на централната банка согласно со барањата на ЕУ.


1998 г.


Учесник во тимската обука за институционално спроведување на одредбите од ССА.

1997 г.


Раководител на проектот за воспоставување надворешнотрговска статистика на нашата земја.


1994 г.



Учесник во активностите за намирување на достасаните неплатени обврски на нашата земја кон мултилатералните кредитори, како услов за зачленување на земјата во меѓународните финансиски институции (ММФ и СБ) при што успешно го организира повлекувањето на првиот кредит од СБ.


ОБРАЗОВАНИЕ

2012 г.


Магистер по економски науки

Економски институт, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје,

Наслов на магистерскиот труд: „Улогата на Народната банка на Република Македонија во евроинтеграциониот процес на земјата“.

Ментор: проф. д-р Силвана Мојсовска


1986 г.


Дипломиран економист

Насока за финансии, сметководство и банкарство

Економски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје.



СТРУЧНО УСОВРШУВАЊЕ И УЧЕСТВО НА СЕМИНАРИ И КОНФЕРЕНЦИИ

Посета на голем број семинари и курсеви организирани од центрите за обука на меѓународните финансиски институции и централните банки во областа на макроекономското финансиско програмирање, макроекономските статистики, монетарната политика, девизниот режим, финансискиот систем и политика, платните системи, евроинтеграциските процеси, инстутуционалниот менаџмент и др.; студиски посети на централната банка на Словенија, Австрија, Бугарија; учество во бројни меѓународни работилници од овие области;

Присуство или учество со свои излагања на значителен број домашни и меѓународни конференции од областа на централнобанкарското работење и финансиските системи.



ПОЗНАВАЊЕ ЈАЗИЦИ

македонски


мајчин јазик.


англиски јазик


одлично говорење, разбирање и пишување.


јужнословенски јазици


многу добро говорење, разбирање и пишување.


ПОЗНАВАЊЕ КОМПЈУТЕРСКИ СОФТВЕРИ

Microsoft Office


одлично


други интерни професионални апликации развивани во Народната банка


одлично