Должнички хартии од вредност, по сектори на иматели и издавачи 

Должничките хартии од вредност се прикажуваат во стандардизирана извештајна табела, која го следи принципот „од кого на кого“, при што се идентификуваат резидентните и нерезидентните иматели, по сектор на издавачи на должничките хартии од вредност. Податоците се изработуваат со квартална динамика и се однесуваат на состојбата на крајот на секој квартал, на неконсолидирана основа, искажани во домашна валута (во милиони денари).



Најнови остварувања

Во третиот квартал од 2024 година, состојбата на вложувањата на резидентите во домашни и странски должнички ХВ изнесува 435,7 милијарди денари. На квартална основа е забележан раст од 23,3 милијарди денари (5,6%), во најголем дел поради вложувањата на финансискиот сектор, пред сѐ на вложувањата во должнички ХВ на централната банка, а потоа и на вложувањата на секторот ОФИ и на банките.
      


 


Извор: Народна Банка на Република Северна Македонија



 

 




   

За подетални информации во врска со објавените статистички податоци, контактирајте нѐ на [email protected] или на телефон 02 3215 181 локал 144 (или 110/108)