Највисок орган на управување во Народната банка е Советот на Народната банка на Република Северна Македонија. Советот се состои од девет члена: гувернерот и тројцата вицегувернери како извршни членови, како и пет неизвршни члена.

Собранието на Република Северна Македонија го именува гувернерот на Народната банка, на предлог на претседателот на Република Северна Македонија. Вицегувернерите на Народната банка се именуваат од Собранието на Република Северна Македонија, на предлог на гувернерот. Неизвршните членови на Советот на Народната банка се именуваат од Собранието на Република Северна Македонија, на предлог на Владата на Република Северна Македонија. Членовите на Советот на Народната банка се именуваат со мандат од 7 години со право на повторен избор.

Овластувањата и задачите на Советот на Народната банка се пропишани во член 47 од Законот за Народната банка на Република Северна Македонија.

Советот на Народната банка одржува седници по потреба, во зависност од активностите на Народната банка, но најмалку десетпати годишно.


Членови на Советот на Народната банка на Република Северна Македонија се:

Извршни членови

Неизвршни членови

Членови на Комитет за ревизија:

  • д-р Синиша Наумоски, неизвршен член на Советот - Претседател
  • д-р Гадаф Реџепи, неизвршен член на Советот - член
  • д-р Никола Поповски, неизвршен член на Советот - член