БИОГРАФИЈА


Гадаф Реџепи


Гадаф Реџепи е вонреден професор во Универзитетот на Југоисточна Европа, каде што предава на додипломски и постдипломски студии. Меѓу предметите кои ги предава/л се: основи на сметководството, меѓународни сметководствени стандарди, стратегиски менаџмент, финансиски пазари и институции, маркетинг во банкарски сектор и теорија на игри. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 2002 година, каде што и магистрирал во 2007 и докторирал во февруари 2011 година. Во текот на докторските студии има остварено студиски престој од еден семестар во Универзитетот Вулверхамтон, во Велика Британија, како и едномесечен престој во Врије Универзитетот, Брисел, Белгија. По завршување на студиите се вработува во „ПроКредит банка“ АД во Скопје и престојува во шестмесечна обука во Косово. По посетувањето на двенеделното предавање за банкарскиот сектор од експерти од Германија, тој се здобива со сертификат за кредитен аналитичар. По една година се вработува во Универзитетот на Југоисточа Европа, каде што до ден денес активно ја извршува својата дејност.

Гадаф Реџепи е многу активен во истражувачката област, објавувајќи свои текстови во преку 60 реномирани списанија во економската наука, меѓу кои во „Састејнабл девелопмент џурнал“ со ИФ од 4.1,  „Индастриал маркетинг менаџмент“ со ИФ од 4.7, „Корпорејт соушал респонсибилити енд енвиронментал менаџмент“ со ИФ од 4.5, кои се високорангирани списанија во областа на економската наука.  Во 2016 година, ја добива наградата за извонредност (Award for Excellence – Outstanding Paper by Emerald Group Publishing) за најдобар научен труд од страна на реномираното списание „Џурнал оф ентерпрајзинг комјунитис: пипл енд плејсиз ин д глобал економи“. Исто така, има објавено и десет книги, меѓу кои: „Улогата на институциите во економскиот раст на земјите со специјален акцент на Република Северна Македонија“,  „Банкарско и финансиско работење во исламскиот систем“, како и „Теорија на игри“,  каде што како издавачи се појавуват Спрингер, Емералд, Тејлор и Францис и итн. Исто така, има објавено и осум поглавја во коавторство со многу звучни имиња, а се јавува и како автор на книгата “ Rutledge Handbook of Social Finance” каде како коавтори се појавуваат професори од Кембриџ и Оксфорд. Има учествувано и на многу научни конференции, меѓу кои и на универзитетите во Кембриџ и Оксфорд.

Гадаф Реџепи многу често е повикуван како главен говорник во различни научни и професионални конференции, меѓу кои и во Универзитетот „Лампунг“ во Индонезија. Од 2012 до 2015 година бил продекан за настава на Економскиот факултет при Универзитетот на ЈИЕ, како и како вршител на дејноста декан во 2018 година. Бил член и на Комисијата за финансиска и ревизорска контрола на Универзитетот. Моментално е консултант на ректорот за развој на Универзитетот. Реџепи, исто така, бил председател на Комисијата за стечајни управници, како и е еден од основачите и автор на методологијата за процена на претпријатијата, државните иснституции, недвижниот имот, машините и на опрема. Исто така, бил член на првиот Одбор на Комората на проценувачи на Северна Македонија за период од еден мандат.