Со цел да се добијат повеќе информации за инфлациските очекувања, како значајна детерминанта на вкупната стапка на инфлација, Дирекцијата за монетарна политика и истражување на Народната банка на Република Северна Македонија, од март 2006 година започна да спроведува анкетно истражување за мерење на инфлациските очекувања. Во текот на 2013 година, следејќи го искуството на повеќе европски централни банки во овој домен, беше направена поголема ревизија на методологијата, којашто во најголем дел се однесува на промена на пристапот за мерење на очекувањата (мерење на квалитативните одговори со примена на пристапот на веројатност), како и на зголемување на примерокот.