ПОВТОРНОТО АКТУАЛИЗИРАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА И НОВИТЕ ГЕОПОЛИТИЧКИ РЕАЛНОСТИ ВО ПРИЛОГ НА ПРЕОСМИСЛУВАЊЕТО НА МАКРОЕКОНОМСКАТА ПОЛИТИКА

Чест ни е да ја најавиме деветта меѓународна истражувачка конференција, која што ја организира Народната банка на Република Северна Македонија, во соработка со Комитетот за преобразување на Бретон Вудс. Конференцијата ќе се одржи во Скопје, Република Северна Македонија, на 29 септември 2023 година, а темата на овогодишните дискусии е: „Повторното актуализирање на инфлацијата и новите геополитички реалности во прилог на преосмислувањето на макроекономската политика“

Ја продолжуваме традицијата на Годишната истражувачка конференција на Народната банка на Република Северна Македонија, преку дискусии на актуелни теми од страна на носителите на политиките и истражувачите да се придонесе кон создавање нови идеи и политики за економскиот развој и просперитет. Оваа година најавуваме многу важни и инспиративни гости, како што се гувернерите на централните банки од регионот на ЦИЈИЕ, но и од други европски земји, претставници на европските институции, на меѓународните финансиски институции и истакнати академски претставници.