We Fi Кодекс
Кодекс за финансирање жени претприемачи (We Fi Code)
Во март 2024 година, Народната банка потпиша Меморандум за соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за примена на Кодексот за финансирање жени претприемачи, што претставува светска рамка за поттикнување посветеност, лидерство и иновации со цел да се намали родовиот јаз во финансирањето.
Повеќе за Кодексот има на следнава врска: https://www.we-fi.org/we-finance-code/.
Кодексот за финансирање на жените претприемачи е спроведен или е во фаза на спроведување во околу 30 земји, меѓу кои и нашата, а целта е со заеднички активности да се зголеми финансирањето на женското претприемаштво. За неговото спроведување е потребно ангажирање што поголем број чинители ‒ регулатори, даватели на финансиски услуги и други партнери, коишто ќе работат заедно на неколку полиња: лидерство, податоци и акција.
Лидерство
Народната банка е лидер и координатор на активностите за Кодексот во нашата земја. Во мај 2025 година, на официјален настан беше најавен Кодексот за финансирање жени претприемачи, заедно со првите потписници. Во втората половина на 2025 година, беа одржани првите состаноци на потписниците на Националната коалиција – државни институции, финансиски субјекти и граѓански здруженија.
Податоци
Со вкрстување на податоците од Централниот регистар со податоците од Кредитниот регистар на Народната банка, за првпат во нашата земја, Народната банка обезбеди податоци за пристапот до кредити на микро, малите, средните и големите претпријатија во претежна сопственост на жени, со состојба на крајот на март 2025 година. Во соработка со ФСФМ (Frankfurt school of Finance and Management), податоците се подготвени во формат којшто обезбедува согледување различни аспекти за пристапот до финансии на претпријатија во претежна сопственост на жени.
Податоците се достапни на: https://mkddashboard.fsturkey.com/mk
Национална коалиција