Соопштение на НБРМ, 28.1.2015 година

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека се издадени и пуштени во оптек кованите пари за колекционерски цели „Водолија“ и „Риби“ од серијата „Хороскопски знаци“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 162/14, 169/14 и 181/14).

Соопштение на НБРМ, 14.1.2015 година

На 13.1.2015 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, на која беа разгледани состојбите во домашната економија и земјите во регионот, движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и најновите макроекономски показатели