Соопштение на НБРМ, 10.6.2015

На 9 јуни 2015 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, на која беа разгледани состојбите во домашната економија и во земјите од регионот, движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари и најновите макроекономски показатели

Соопштение на НБРМ, 20.5.2015 година

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека се издадени и пуштени во оптек кованите пари за колекционерски цели „Близнаци“ и „Рак“ од серијата „Хороскопски знаци“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/15).

Соопштение на НБРМ, 8.5.2015 година

Народната банка на Република Македонија, ја известува јавноста дека во периодот од 10 до 13 мај 2015 година, во соработка со централните банки на Холандија и Португалија, ја организира Осмата конференција за платните системи и системите за порамнување хартии од вредност, којашто ќе се одржи во Охрид.

Соопштение на НБРМ, 22.4.2015 година

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека на 23 април 2015 година ќе ja организира Четвртата меѓународна истражувачка конференција на тема: „Справување со структурните ригидности во контекст на ефективноста на трансмисијата на монетарната политика“