Соопштение на НБРМ, 12.8.2015 година

На 11 август 2015 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, на која беа разгледани состојбите во домашната економија, движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари и најновите макроекономски показатели во контекст на поставеноста на монетарната политика.