Соопштение на НБРМ, 11.11.2015 година
На 10 ноември 2015 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, на која беа разгледани состојбите во домашната економија, движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари, движењата во банкарскиот систем и најновите макроекономски показатели во контекст на поставеноста на монетарната политика.