Соопштение на НБРМ, 12.6.2013 година

На 11.6.2013 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на којашто беа разгледани најновите макроекономски показатели, движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари во мај 2013 година и ликвидноста во банкарскиот систем.

Соопштение на НБРМ, 17.5.2013 година

Во чест на одбележувањето на Меѓународниот ден на музеите, в понеделник, на 20 мај со почеток во 12 часот, во Музејот на Народната банка на Република Македонија ќе се одржи промоција на книгата Конзервација на метални археолошки предмети од Дијана Ванчевска и Билјана Бозароска Павловска. На промоцијата ќе говорат проф. д-р Биљана Минчева-Шукарова (Институт за хемија, ПМФ, Скопје) и проф. д-р Ивелин Кулев (Институт за аналитичка хемија, ФХФ, Софија). 

Соопштение на НБРМ, 14.5.2013

На Вториот годишен самит на Меѓународната организација за финансиска едукација на деца и млади „Менување на иднината на финансиите“, што се одржа од 7 до 9 мај 2013 година во Истанбул, Турција, Народната банка на Република Македонија зеде учество и го освои првото место, односно ја освои престижната награда „Регионален финалист на Европа“, во категоријата за најдобро организирани настани и активности за време на Глобалната недела на парите 2013 година, 15 - 21 март, во конкуренција со над 25 земји-учеснички од Европа.

Соопштение на НБРМ, 18.4.2013 година

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека на 26 април 2013 година ќе организира меѓународна експертска конференција на тема: „Поставеноста на политиките и глобалното опкружување: нов консензус од кризата?“, што ќе се одржи во Скопје, во хотелот „Холидеј ин“.

Соопштение на НБРМ, 16.4.2013

Заврши втората фаза од Проектот за анализа на потребите на Народната банка на Република Македонија за пристапување во Европскиот систем на централни банки и Евросистемот, финансиран од Инструментот за претпристапна помош од Европската Унија, којшто започна да се спроведува на 15 октомври 2012 година.

Соопштение на НБРМ, 10.4.2013

На 9.4.2013 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика, на којашто беа разгледани податоците за банкарскиот сектор заклучно со февруари 2013 година, движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари во март 2013 година, најновите макроекономски податоци за домашната економија и ликвидноста во банкарскиот систем