Соопштение на НБРМ, 14.8.2013 година

На 13.8.2013 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на којашто беа разгледани најновите движења на меѓународните финансиски пазари, податоците за банкарскиот сектор заклучно со јуни 2013 година, ликвидноста во банкарскиот систем и движењата на домашните финансиски пазари во јули 2013 година и најновите макроекономски показатели.

Соопштение на НБРМ, 10.7.2013

Одржана е редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на којашто беа разгледани најновите движења на меѓународните финансиски пазари, податоците за банкарскиот сектор заклучно со мај 2013 година, ликвидноста во банкарскиот систем и движењата на домашните финансиски пазари во јуни 2013 година и најновите макроекономски показатели

Соопштение на НБРМ, 28.6.2013 година

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека во периодот од 1 до 3 јули 2013 година, во соработка со централните банки на Холандија и Португалија, ја организира шестата конференција за „Платните системи и системите за порамнување хартии од вредност“, којашто се одржува во Охрид.

Соопштение на НБРМ, 24.6.2013 година

Во врска со написите од некои медиуми во кои несоодветно се толкува Објавата на Народната банка на Република Македонија од 20 јуни 2013 година за укинувањето на дозволите за основање и работење на „Штедилница Младинец“ ДОО Скопје и „Штедилница Баваг“ ДОО Скопје, го даваме следново појаснување: