Шема за порамнување на трансакции со хартии од вредност на пазари преку шалтер во Република Северна Македонија

ППШ = Пазари Преку Шалтер

  • Чекор (1): При купувањето хартии од вредност, банката-купувач/на купувачот испраќа порака за пренос на парични средства од редовната сметка на посебната сметка за порамнување во МИПС.
  • Чекор (2 а): При купувањето хартии од вредност, банката-купувач/на купувачот испраќа порака за пренос на сопственост на хартии од вредност до Системот на вкрстување.
  • Чекор (2 б): При продавање хартии од вредност, банката-продавач/на продавачот испраќа порака за пренос на сопственост на хартии од вредност до Системот на вкрстување.
  • Чекор (3): Системот на вкрстување ги споредува елементите на пораките за пренос на сопственост од чекорите (2а) и (2б) и доколку дојде до вкрстување на пораките, испраќа единствена порака за пренос на сопственост до ЦДХВ.
  • Чекор (4): ЦДХВ врши пренос на паричните средства од посебната сметка на банката-купувач/на купувачот во МИПС на сметката на ЦДХВ во МИПС, доколку, на посебната сметка на банката-купувач/на купувачот во МИПС има доволно парични средства за порамнување.
  • Чекор (5): ЦДХВ ги пренесува паричните средства од сметката на ЦДХВ во МИПС на редовната сметка на банката-продавач/на продавачот. Истовремено, со пренесувањето на паричните средства, ЦДХВ врши пренос на сопственост на хартиите од вредност од сметката на продавачот на сметката на купувачот.
  • Чекор (6): ЦДХВ ја известува Народната банка за исходот од порамнувањето. Народната банка го доставува известувањето од ЦДХВ до учесниците преку Системот на вкрстување.