Седница:  I    II    III   IV V VI VII VIII IX X XI XII XIII XIV XV



ДНЕВЕН РЕД

од I седница, одржана на 4 февруари 2021 година

  1. Усвојување на записникот од XVIII седница на Советот на Народната банка од 2020 година;
  2. Одлука за усвојување на Извештајот на Централната пописна комисија за извршениот годишен попис на средствата и обврските на Народната банка на Република Северна Македонија со состојба на 31 декември 2020 година;
  3. Одлука за отпис на обврски и бришење од сметководствената евиденција.


Гувернер и претседавач на Советот
на Народната банка на Република Северна Македонија
д-р Анита Ангеловска-Бежоска



ДНЕВЕН РЕД

од II седница, одржана на 25 февруари 2021 година

  1. Одлука за распределување на финансискиот резултат за распределба на Народната банка на Република Северна Македонија за 2020 година;
  2. Одлука за одобрување на Годишната сметка и Финансиските извештаи на Народната банка на Република Северна Македонија за 2020 година;
  3. Извештај на независниот ревизор за извршена ревизија на финансиските извештаи на Народната банка на Република Северна Македонија за 2020 година.


Вицегувернер и претседавач на Советот
на Народната банка на Република Северна Македонија
м-р Ана Митреска



ДНЕВЕН РЕД

од III седница, одржана на 26 февруари 2021 година

  1. Одлука за распределување на финансискиот резултат за распределба на Народната банка на Република Северна Македонија за 2020 година - одлуката е донесена на вонредната седница на Советот на Народната банка одржана на 25.2.2021 година, а се одобрува на оваа седница;
  2. Одлука за одобрување на Годишната сметка и Финансиските извештаи на Народната банка на Република Северна Македонија за 2020 година - одлуката е донесена на вонредната седница на Советот на Народната банка одржана на 25.2.2021 година, а се одобрува на оваа седница;
  3. Извештај на независниот ревизор за извршена ревизија на финансиските извештаи на Народната банка на Република Северна Македонија за 2020 година - извештајот е усвоен на вонредната седница на Советот на Народната банка одржана на 25.2.2021 година, а се одобрува на оваа седница;
  4. Одлука за издавање книжни пари во апоен од 100 денари со изменети белези;
  5. Одлука за издавање книжни пари во апоен од 1000 денари со изменети белези;
  6. Одлука за издавање книжни пари во апоен од 2000 денари со изменети белези;
  7. Одлука за привремено ограничување на распределба и исплатата на дивиденда на акционерите на банките.


Гувернер и претседавач на Советот
на Народната банка на Република Северна Македонија
д-р Анита Ангеловска-Бежоска



ДНЕВЕН РЕД

од IV седница, одржана на 26 март 2021 година

  1. Квартален извештај, февруари 2021 година;
  2. Извештај за управувањето и инвестирањето на девизните резерви во четвртиот квартал на 2020 година;
  3. Годишен извештај за усогласеноста на Народната банка;
  4. Извештај за остварувањето на Годишниот план за јавните набавки во 2020 година на Народната банка за периодот јануари ‒ декември 2020 година;
  5. Извештај за остварување на Финансискиот план на Народната банка на Република Северна Македонија за 2020 година;
  6. Извештај за остварување на Планот за инвестиции во основни средства на Народната банка на Република Северна Македонија за 2020 година;
  7. Извештај за работењето на внатрешната ревизија во 2020 година;
  8. Извештај за работењето на Комитетот за ревизија во 2020 година;
  9. Извештај за управување со оперативни ризици;
  10. Политика на Народната банка на Република Северна Македонија за управување со ризикот од перење пари и финансирање на тероризам;
  11. Одлука за пуштање во оптек на ковани пари во апоен од 1 денар со изменети белези;
  12. Одлука за пуштање во оптек на книжни пари во апоен од 10 денари со изменети белези;
  13. Одлука за пуштање во оптек на книжни пари во апоен од 500 денари со изменети белези;
  14. Одлука за објавување интерен оглас за назначување на работник со посебни овластувања и одговорности;
  15. Најнови макроекономски показатели, преглед на тековната состојба, февруари 2021.


Гувернер и претседавач на Советот
на Народната банка на Република Северна Македонија
д-р Анита Ангеловска-Бежоска



ДНЕВЕН РЕД

од V седница, одржана на 19 април 2021 година

  1. Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство;
  2. Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за идентификување системски значајни банки;
  3. Одлука за доставување и објавување податоци за извршените активности во платниот промет.

Гувернер и претседавач на Советот
на Народната банка на Република Северна Македонија
д-р Анита Ангеловска-Бежоска



ДНЕВЕН РЕД

од VI седница, одржана на 28 април 2021 година

  1. Усвојување на записниците од I, II, III, IV и V седница на Советот на Народната банка од 2021 година;
  2. Годишен извештај на Народната банка за 2020 година;
  3. Извештај на независниот ревизор за конзистентност на Годишниот извештај на Народната банка за 2020 година со Финансиските извештаи и годишната сметка на Народната банка на Република Северна Македонија за 2020 година;
  4. Извештај за ризиците во банкарскиот систем во 2020 година;
  5. Извештај за управувањето и инвестирањето на девизните резерви во првиот квартал на 2021 година;
  6. Извештај за остварувањето на Годишниот план за јавните набавки во 2021 година на Народната банка за периодот јануари ‒ март 2021 година;
  7. Финансиски извештаи на Народната банка со состојба на 31 март 2021 година;
  8. Извештај за исполнување на Финансискиот план на Народната банка за периодот јануари - март 2021 година;
  9. Извештај за исполнување на Планот за инвестиции во основни средства на Народната банка за периодот јануари - март 2021 година;
  10. Правила за начинот и постапката на уништување книжни и ковани пари коишто станале несоодветни за оптек и/или коишто не се законско средство за плаќање;
  11. Одлука за одобрување на средства за купување на акции;
  12. Одлука за назначување на главен внатрешен ревизор на Народната банка;
  13. Одлука за изменување на Годишниот план за инвестиции на Народната банка на Република Северна Македонија за 2021 година;
  14. Одлука за давање на недвижен имот во Куманово на времено користење на Управата за јавни приходи без надомест;
  15. Одлука за давање на недвижен имот во Кочани на времено користење на Управата за јавни приходи без надомест;
  16. Одлука за давање на недвижен имот во Штип на времено користење на Управата за јавни приходи без надомест;
  17. Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за утврдување на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложености во Република Македонија;
  18. Информација за противцикличниот заштитен слој на капиталот заклучно со 31.12.2020 година;
  19. Најнови макроекономски показатели, преглед на тековната состојба, април 2021.


Гувернер и претседавач на Советот
на Народната банка на Република Северна Македонија
д-р Анита Ангеловска-Бежоска



ДНЕВЕН РЕД

од VII седница, одржана на 7 мај 2021 година

  1. Усвојување на записникот од VI седница на Советот на Народната банка од 2021 година;
  2. Квартален извештај – Мај 2021 година;
  3. Разно.

Гувернер и претседавач на Советот
на Народната банка на Република Северна Македонија
д-р Анита Ангеловска-Бежоска



ДНЕВЕН РЕД
од VIII седница, одржана на 4 јуни 2021 година

  1. Усвојување на записникот од VII седница на Советот на Народната банка од 2021 година;
  2. Писмо до раководството за наодите од ревизијата за годината што завршува на 31 декември 2020 година;
  3. Стратегиски план на Народната банка на Република Северна Македонија за периодот 2022-2024 година;
  4. Политика за изменување и дополнување на Политиката за непрекинатост во работењето во Народната банка на Република Северна Македонија;
  5. Одлука за дополнување на Годишниот план за јавните набавки во 2021 година на Народната банка на Република Северна Македонија;
  6. Информација за барањето на изведувачот ДГ Бетон АД Скопје за продолжување на рокот за извршување на договорот за изградба на новиот објект на Народната банка;
  7. Информирање за Изјави за судир на интересите од членовите на Советот.

Гувернер и претседавач на Советот
на Народната банка на Република Северна Македонија
д-р Анита Ангеловска-Бежоска



ДНЕВЕН РЕД
од IX седница, одржана на 30 јуни 2021 година

  1. Усвојување на записникот од VIII седница на Советот на Народната банка од 2021 година;
  2. Извештај за ризиците во банкарскиот систем во првиот квартал од 2021 година;
  3. Политика за сигурност на информацискиот систем;
  4. Одлука за условите и начинот за снабдување со книжни и ковани пари;
  5. Одлука за условите и начинот на вршење надзор на снабдувањето со книжни и ковани пари;
  6. Одлука за издавање на ковани пари во апоен од 2 денари со изменети белези;
  7. Одлука за издавање и за основните белези на ковани пари во апоен од 5 денар;
  8. Одлука за изменување на Одлуката за формирање Кризен штаб;
  9. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за организација на Народната банка на Република Северна Македонија;
  10. Правилник за изменување на Правилникот за систематизација на работите и задачите и класификација на работните места во Народната банка на Република Северна Македонија;
  11. Одлука за утврдување на бодовите за работните места во Народната банка на Република Северна Македонија;
  12. Одлука за изменување на Одлуката за методологијата за утврдување на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложености во Република Северна Македонија;
  13. Годишна информација за плаќањата во Република Северна Македонија во 2020 година;
  14. Дополнување на информацијата во врска со поплака од Влатко Ташковски– претставник на Координативно тело за преземање активности за остварување на правата од приоритетни акции на Стопанска банка АД Скопје;
  15. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за стратегиско и оперативно планирање;
  16. Годишен план за инвестициите на Народната банка на Република Северна Македонија за 2021 година;
  17. Информација во врска со усвоен Стратегиски план на Народната банка на Република Северна Македонија за периодот 2022-2024 година;
  18. Деловник за изменување и дополнување на Деловникот за работа на Советот на Народната банка;
  19. Најнови макроекономски показатели – преглед на тековната состојба, јуни 2021 година.

Гувернер и претседавач на Советот
на Народната банка на Република Северна Македонија
д-р Анита Ангеловска-Бежоска





ДНЕВЕН РЕД
од X седница, одржана на 9 јули 2021 година

  1. Најнови информации поврзани со Еуростандард банка АД Скопје, во стечај;
  2. Разно.

Гувернер и претседавач на Советот
на Народната банка на Република Северна Македонија
д-р Анита Ангеловска-Бежоска




ДНЕВЕН РЕД
од XI седница, одржана на 29 јули 2021 година

  1. Усвојување на записниците од IX и X седница на Советот на Народната банка од 2021 година;
  2. Извештај за работењето на внатрешната ревизија во првото полугодие на 2021 година;
  3. External Quality Assessment Report – 2021 (Извештај за надворешната процена на квалитетот на работењето на внатрешната ревизија – 2021);
  4. Квартален извештај август 2021;
  5. Извештај за остварувањето на Годишниот план за јавните набавки во 2021 година на Народната банка за периодот јануари ‒ јуни 2021 година;
  6. Финансиски извештаи на Народната банка на Република Северна Македонија со состојба на 30 јуни 2021 година;
  7. Извештај за остварување на Финансискиот план на Народната банка на Република Северна Македонија за периодот  јануари – јуни 2021 година;
  8. Извештај за остварување на Планот за инвестиции во основни средства на Народната банка на Република Северна Македонија за периодот  јануари – јуни 2021 година;
  9. Политика за физичка безбедност;
  10. Политика за изменување на Политиката за надзор на платните системи;
  11. Одлука за изменување на Одлуката за начинот и методологијата на надзор на платните системи;
  12. Извештај за управувањето и инвестирањето на девизните резерви во вториот квартал на 2021 година;
  13. Одлука за купување и продавање хартии од вредност на привремена и дефинитивна основа од страна на Народната банка на Република Северна Македонија;
  14. Одлука за задолжителната резерва;
  15. Одлука за изменување на Одлуката за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство;
  16. Одлука за висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот;
  17. Одлука за декласификација на Политиката на управувањето со човечките ресурси во Народната банка;
  18. Политика за укинување на Политика за казнен аспект на супервизија и надзор;
  19. Најнови макроекономски показатели -преглед на тековна состојба, јули 2021 година.

Гувернер и претседавач на Советот
на Народната банка на Република Северна Македонија
д-р Анита Ангеловска-Бежоска


ДНЕВЕН РЕД
од XII седница, одржана на 3 август 2021 година

  1. Одлука за укинување на Одлуката за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките
  2. Разно.

Гувернер и претседавач на Советот
на Народната банка на Република Северна Македонија
д-р Анита Ангеловска-Бежоска


ДНЕВЕН РЕД
од XIII седница, одржана на 19 август 2021 година

  1. Усвојување на записниците од XI и XII седница на Советот на Народната банка за 2021 година;
  2. Одлука за точноста, коригирањето и чувањето на личните податоци;
  3. Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за издавање дозвола и согласност за вршење услуга брз трансфер на пари;
  4. Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за менувачки работи;
  5. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и постапката на обезбедување на потребата од работници во Народната банка на Република Македонија;
  6. Одлука за определување овластено лице за заштита на личните податоци.

Гувернер и претседавач на Советот
на Народната банка на Република Северна Македонија
д-р Анита Ангеловска-Бежоска


ДНЕВЕН РЕД
од XIV седница, одржана на 26 август 2021 година

  1. Усвојување на записникот од XIII седница на Советот на Народната банка од 2021 година;
  2. Извештај за финансиската стабилност во Република Северна Македонија во 2020 година;
  3. Извештај за управување со оперативни ризици за првото полугодие од 2021 година;
  4. Политика за спречување појава на корупција;
  5. Презентација за Законот за спречување на корупција и судир на интереси и антикорупциски одредби на Законот за Народната банка и Етичкиот Кодекс;
  6. Најнови макроекономски показатели - август 2021.

Гувернер и претседавач на Советот
на Народната банка на Република Северна Македонија
д-р Анита Ангеловска-Бежоска


ДНЕВЕН РЕД
од XV седница, одржана на 30 септември 2021 година

  1. Усвојување на записникот од XIV седница на Советот на Народната банка од 2021 година;
  2. Годишен извештај за надзорот на работењето на платните системи и дадените препораки за 2020 година;
  3. Извештај за ризиците во банкарскиот систем на Република Северна Македонија во вториот квартал од 2021 година;
  4. Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за единствената тарифа на надоместоците за услугите што ги врши Народната банка на Република Северна Македонија;
  5. Одлука за отпис на сомнително и спорно побарување и бришење од сметководствената евиденција; (се однесува за судски предмет со Еуростандард банка АД Скопје)
  6. Одлука за отпис на сомнително и спорно побарување и бришење од сметководствената евиденција; (се однесува за судски предмет со Република Северна Македонија)
  7. Одлука за укинување на Одлуката за точноста, коригирањето и чувањето на личните податоци;
  8. Најнови макроекономски показатели – преглед на тековна состојба, септември 2021.

Гувернер и претседавач на Советот
на Народната банка на Република Северна Македонија
д-р Анита Ангеловска-Бежоска